05:49 - 21 декември, 2024

Река или депонија!? Мизерни фотографии од Треска! (ФОТО)

Пластични шишиња, лименки и секаков друг отпад на коритото на реката Треска во Кичевскиот регион, во близина на селата Карбуница и Староец. Реката Треска е десна притока на Вардар, а нејзината вкупна должина изнесува 132 км, додека сливното подрачје зафаќа 2.350 км2.

Состојбата е овековечена од фејсбук-корисникот Арсовски Миле, кој напиша „Реките ги претворивме во пловечки депонии – Сегменти од реката Треска“,  а поради големото внимание од јавноста, неговата фејсбук-објава ја направи јавна и достапна за споделување.

Фото: Фејсбук

Во коментарите една личност обвинува дека станува збор за лажни вести, односно дека фотографиите се стари. Арсовски возвраќа дека иако фотографиите се стари, тој лично ги направил и ги објавил бидејќи кичевските и бродските рибари го известиле дека состојбата е уште полоша од она што се гледа на овие фотографии поради обилните дождови.

Фото: Фејсбук

Арсовски истакнува дека и другите реки во државата изгледаат вака по обилните дождови и за „Слободен печат“ тој вели дека со својата објава сака да апелира да се подигне јавната свест за одговорноста на граѓаните и институциите, бидејќи ова е јавен интерес.

„Загрозен е изворот на Треска со новиот автопат кој е надвиснат над самиот извор на реката во селото Извор. Со минирањето и понатамошните градежни зафати како и со преминот на тешки товарни возила кој знае што не чека. Таму има потенцијално свлечиште кое може да го поклопи изворот на Треска. За ова никој досега нема ништо информирано“, вели тој за „Слободен печат“.

Фото: Фејсбук

The post Река или депонија!? Мизерни фотографии од Треска! (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....