Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени се рекордни 262.929 случаеви на новиот коронавирус.
Бројот на смртни случаи се зголеми за 5.851 со што вкупно 680.894 луѓе починале од последици од Ковид-19, а бројот на заразени лица се искачи на 17.660.523.
Статистиката на СЗО е заснована на официјално потврдени податоци од земјите.
Најголем број на инфицирани лица – 9.476.763 регистрирани се во Јужна и во Северна Америка. За еден ден бројот на заразени лица се зголемил за 156.433, а бројот на починати порасна за 3.963, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 359.180.
Во Европа потврдени се 3.375.535 случаи на Ковид-19 и 213.284 смртни случаи. Во изминатите 24 часа бројот на новозаболени се зголеми за 17.419 луше, а бројот на смртни случаи за 323.
Во Југоисточна Азија за еден ден потврдени се 58.971 случаи и 937 лица починале од последици од новиот коронавирус. Вкупниот број на заразени лица во тој регион се искачи на 2.131.165 , а од почетокот на пандемијата починале 45.837 луѓе.
По бројот на заразени лица на прво место се САД со 4.523.888 потврдени случаи, следат Бразил со 2.662.485 случаи и Индија со 1.750.723 заразени луѓе.
На четврто место е Русија со 850.870 заболени, на петто место Јужноафриканската Република – 503.290 случаи, потоа Мексико – 424.637 и Перу со 407.492 инфицирани лица.
Меѓу првите десет земји во светот по бројот на заразени лица се и Чиле со 357.658 случаи, Иран со 306.752 заболени и Велика Британија со 303.956 заразени со новиот коронавирус.
The post Регистрирани 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот за еден ден appeared first on Слободен печат.
Регистрирани 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот за еден ден was first posted on август 3, 2020 at 9:51 am.