06:04 - 21 декември, 2024

Разговор со министерот Венко Филипче за состојбата со коронавирусот во Македонија (ВИДЕО)

Гостин во денешното издание на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше министерот за здравство Венко Филипче кој информираше за состојбата со коронавирусот Ковид-19 во Македонија.

– Пациентите имаат непроменета состојба. Многу внимание се посветува на пацентката која е на респираторна машина. Непосредно после поставување на машината, тие параметри кои очекувавме да се подобрат, се подобрија, но тоа не мора ништо да значи. Компликација може да настапи во било кој момент. Нема новопријавени пациенти.

Денес треба да се состане Советот за безбедност на кој ќе се одлучи за воведување кризна или вонредна состојба.

– Дали ќе се вика вонредна или кризна е небитно. Битно е да се имплементираат мерки кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен. Ние направивме и спроведовме мерки во времето кога другите земји тоа не го направија. Тоа е суштината во справување со овој проблем. Што помалку движење, толку помали шанси да се пренесе вирусот. Во Италија имаше сценарио во кое многу носители не беа свесни. Затоа сакаме да стивнат движењата. Тоа е единствениот начин да се спречи инфекцијата, истакна министерот Венко Филипче.

Ситуацијата е под контрола. Во споредба со Европа се чини како мала бројка, иако не треба да се залажуваме. Веројатно ќе има пораст на бројот на заболени.

– Очекуваме секое можно сценарио. Во Дебар и околината тоа е можно. Имаме вирус кај кој нема правила, се уште има непознати. Излезе дека се пренесува не само преку воздухот, туку и со валкани раце, повеќе денови останува на површините, дури и на асфалтот. Во Италија пронашле и на обувките, контролните брисови тоа го покажале. Се смета дека е безбедна дистанца метар ипол до два. Затоа се и поставените препораки, вели Филипче.

Министерот истакна дека во целиот изминат период ги следи препораките, особено поради фактот што спаѓа во високо ризична група со цел да не биде дел од ланецот преносители на коронавирусот. Во однос на пациентите во Македонија, статистиката вели дека од 18 пациенти, 10 од нив се на 55 годишна возраст.

– Младите се пренесувачи. Најкритична група се повозрасните, особено оние со хронични болести, смртноста е најголема кај нив. Тоа го покажаа Кина и Италија. Но, никој не е поштеден, сега имаме заразено момче и на возраст од 15 години. Во таа смисла ги обезбедивме капацитетите, посебно за деца и возрасни. Околу 30 отсто од вкупниот број на заболени што се на поголема возраст се на машина за дишење, но добар дел од ширењето е од младите луѓе, изјави Филипче.

Британската влада бара 5. 000 машини со кои не располагаат, па реакциите на прозводителите не се оптимистички. Кое е вашето предвидување. Каква е ситуацијата кај нас?

– Ние вчера по состанокот донесовме одлука дека сите капацитети мора да се на располагање на државата. Вкупниот број на машини се над 115 во сите јавни здравствени установи во држвата. Над 85 се во Скопје. Во приватните може да сметаме на близу 80. Оваа недела завршува постапката и стигнуваат уште 50, а има шанса да обезбедиме уште 50 за една недела до 10 дена. Во соработка со амбасадорот на Кина, тој ја понуди нивната помош како од нивните експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози, па може да добиеме уште 200 машини од Кина. Не станува збор само за машини, мораме да ги спремиме и луѓето, бидејќи не секој знае да ракува со нив, истакна министерот.

Поради потребата од користење на респираторни машини, министерот потврди дека ќе се врши преобука на кадарот, како и дека истиот ќе се штеди.

– Тоа што веќе се направи е распоред на докторите анестезиолози, кои знаат да ракуваат со овие машини. Ќе ротираат во места кои претходно ги одредивме кај ќе се третираат пациенти,со цел да спласне притисокот и да се штеди кадарот. Ако во некоја институција се најде заразен целиот персонал оди во изолација. Од денес се редуцирани оперативните интервенцииза да се штеди кадарот и крвта, редуцирани се и крводарителските акции. Нема да има интервенции кои може да се одложат. Нема повеќе утрински стручни состаноци, со цел да се редуцира физичкиот контакт, телефонски ќе се зборува. Еден доктор може да биде одговорен за повеќе пациенти. Тоа што почнува да се прави е тренинг на медицински сестри кои треба да работат на интензивна нега. Тие што беа примени изминатите две години, ставени се во функција да работат на обични одделениија, а на поискусните им треба мала едукација за интензивните одделенија. Една од одличните придобивки на ова е всушност координацијата на сите сектори. На почетокот е предизвик, кој со кого ќе комуницира. Сега точно знаеме. Кога ќе се јави патник или пациент точно се знае како ќе се постапи. Тоа е огромна придобивка, вели министерот.

Министерот јавно се заблагодари и на волонтерите и поддршката од Црвениот крст.

– Соработката со Црвениот крст се одвиваше одлично и многу помогнаа во даден момент и се уште се вклучени во поддршка на пограничните премини, на докторите епидемиолози. Сакам јавно да се заблагодарам. Тие беа и присутни и ги водеа овие влезни излезни позиции во однос на бегалците. Луѓето ја знаат работата, знаат за што станува збор, веќе имале искуство за сите протоколи со бегалците, изјави Филипче.

ДУИ излезе со предлог нивни членови да помогнат во кризните подрачја, но ваков тип на акција може да предизвика ситуацијата полесно да излезе од контрола.

– Јасни се препораките во рамките накризното подрачје во однос на оперативниот план усвоен преку Центарот за управување со кризи. Има протокол, алгоритам на работа. Се знае како се влегува во зоната, како се дезинфицираат возилата, како се облечени луѓето. Замислите да имате необучени луѓе кои несоодветно постапуваат. Само поголеа беља ќе биде тоа. Таму има стручни лица, сите тие се уходани и знаат што прават, вели министерот.

Погледнете го целиот разговор:

The post Разговор со министерот Венко Филипче за состојбата со коронавирусот во Македонија (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....