Рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонски разговор наводно му рекол на францускиот колега Емануел Макрон дека Навални можеби самиот се отрул.
Како што пишува московскиот магазин „The Moscow times“, кој се повикал на пишувањето на францускиот дневен весник „Le Monde“, Путин на Макрон му рекол дека е можно Навални самиот да се отрул со Новичок, од непозната причина.
Како што рекол извор за францускиот весник, разговорот меѓу Путин и Макрон се случил на 14 септември, а Путин, како што се наведува го опишал Навални и како противник кој досега повеќе пати ги лажирал своите болести.
На ова тврдење реагирал и Навални, кој преку Твитер се обрати кон францускиот весник: „Да, мојот план беше бавно да подготвам новичок во кујната, да го пијам полека во авионот, да умрам и да завршам во мртовечница во Омск, каде причина за мојата смрт ќе биде „живееше доволно““.
„Но, Путин ме надигра“, напиша Навални и на крајот додаде: „На крајот, поминав 18 дена во кома, како идиот, а не го добив тоа што го сакав“.
Навални денеска излезе од болницата во Германија, каде беше префрлен во состојба на кома, од сибирската општа болница Омск, во која беше донесен откако му се слошило во авионот.
The post Путин: Навални можеби самиот се отрул, Навални: Да, мојот план беше бавно да подготвам новичок во кујната appeared first on Слободен печат.
Путин: Навални можеби самиот се отрул, Навални: Да, мојот план беше бавно да подготвам новичок во кујната was first posted on септември 23, 2020 at 10:37 am.