18.8 C
Скопје
21:27 - 29 април, 2024

Фаучи се најде на листата на 100 највлијателни луѓе за 2020 година на Тајмс

Епидемиологот д-р Антони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни заболувања на САД, е во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година на американскиот неделник „Тајм”. 

-Кога пандемијата ја покажа главата, Фаучи беше меѓу првите кои исчекорија со факти и само факти. Тој не ги витка во обланда своите зборови и одбива да биде под притисок на политичарите. Ја кажува вистината, колку и да е тешка за слушање, искрено и со една цел – да спаси животи, пишува Џими Кимел, комедијант, во својта посвета за Фаучи. 

Додава дека со неговата храброст и одважност ја заработил довербата кај Американците.  

-Сите ние сме среќни што имаме човек со таква мудрост, искуство и интегритет, да ни помогне да пловиме во овие бурни води.  

Во списокот на Тајм, 100 највлијателни луѓе во 2020 година, се наоѓаат и поп-ѕвездите Меган Ти Сталион, Халси и групата „Д Викнд”,  

Во списокот се и оние кои одиграа клучна улога во борбата против коронавирусот на глобално ниво. Камила Рот, специјалист за инфективни заболувања од Минхен, која беше една првите кои забележаа дека коронавирусот се пренесува и од луѓе без симптоми. Потоа, Лора Гарнер, инжинер по информациски технологии која го изработи веб панелот за статистика на коронавирусот на универзитетот „Џон Хопкинс”, како и Ши Женгли, познат кинески вирусолог кој уште во 2015 година предвидел дека коронавирусот може да се прошири од лилјаци на луѓе и да предизвика хаос. 

На листата се и претседателот Доналд Трамп, спикерот на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси и претседателскиот кандидат Џо Бајден

The post Фаучи се најде на листата на 100 највлијателни луѓе за 2020 година на Тајмс appeared first on Слободен печат.


Фаучи се најде на листата на 100 највлијателни луѓе за 2020 година на Тајмс was first posted on септември 23, 2020 at 10:43 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....