-4.2 C
Скопје
04:56 - 26 ноември, 2024

Прво отстранување на шизмата, па Томос за автокефалност: Вселенската патријаршија со најава за решавање на македонското црковно прашање по украинскиот модел

И покрај притисоци и закани од Руската црква и од нејзините поддржувачи во Грција и во Србија, Вселенската патријаршија е подготвена да го реши црковното прашање во Македонија, пренесува порталот „Религија“, повикувајќи се на грчки „Етникос Кирикас“. Како прв чекор кон конечно затворање на отвореното прашање притоа се споменува отстранување на шизмата од Македонската Православна Црква (МПЦ).

Грчки весник „Етникос Кирикас“ се обратил до Вселенската патријаршија за став по писмата на премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски и во дел од одговорите се наведува дека досега се направени неколку чекори за доближување кон конечно решение за црковното прашање.

Се наведува дека Вселенската патријаршија ќе го примени истиот модел како за Украина. Тоа значи отстранување на расколот од МПЦ и дека ќе ја тргне шизмата како би овозможиле на македонските владици да сослужуваат со владиците на Вселенската патријаршија. Следен чекор би бил процес на потпишување Томос за автокефална црква.

При воспоставување на црковното единство од Вселенската патријаршија, архиереите на МПЦ-ОА ќе бидат примени во литургиско општење, а Вселенската Патријашија дефакто ќе ја признае МПЦ-ОА.

Светиот архиерејски Синод, како што пренесува „Религија“, ќе ја задржи својата самостојност и право на одлучување и раководење, така што досега воспоставениот статус и правното, внатрешно функционирање на МПЦ-ОА ќе остане непроменето, иако конечниот статус на помесната Црква нема веднаш да биде дефиниран. Истиот метод бил применет и во Украина, каде што ваквиот период траеше неколку месеци, пред да биде доделена автокефалијата.

– Факт е дека со векови постои овој проблем, за чие решение Вселенската патријаршија како Мајка Црква на сите Балкански цркви, но и на друг, до денес има направено многу обиди, грижејќи се за единството на Православието. Во овој момент, прашањето влезе во нова фаза. Превосходните претседател и премиер на Северна Македонија, како продолжение на сличното барање од страна на нивната Јерархија, бараат Вселенската патријаршија да им помогне да влезат во општење со останатиот Православен свет, при што нивната црква ќе се нарекува Охридска Архиепископија, стои во одговорот на Вселенската патријаршија за грчкиот весник.

„Етникос Кирикас“ додава дека првиот обид за решавање на проблемот е направен на почетокот на оваа година, кога претставници на патријархот Вартоломеј биле на разговори со МПЦ и со СПЦ со барање за делегација на двете цркви да отпатува во Фанар на средби, заедно со претставници на Јовановата ПОА, за која вселенскиот патријарх предлага да се обедини со МПЦ, но тие одбиле.

The post Прво отстранување на шизмата, па Томос за автокефалност: Вселенската патријаршија со најава за решавање на македонското црковно прашање по украинскиот модел appeared first on Слободен печат.


Прво отстранување на шизмата, па Томос за автокефалност: Вселенската патријаршија со најава за решавање на македонското црковно прашање по украинскиот модел was first posted on октомври 3, 2020 at 6:08 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....