-2.2 C
Скопје
19:45 - 22 декември, 2024

Проциркулира, па исчезна пријавата за несовесни граѓани кои не се изолираат по пат во странство

Анонимни интернет корисници направија пријава, односно формулар за пријавување на несовесните граѓани што не ја почитуваат мерката на владата за самоизолација по патување во земји од висок и среден ризик од коронавирус. Формуларот, кој денеска почна да се споделува на социјалните мрежи, содржеше полиња во кои се внесува името, презимето и институцијата во која работи лицето што не се придржува до наредбата за самоизолација, како и местото на живеење. Имаше и поле за подетален опис на сознанијата до кои доаѓаат граѓаните за нивни соседи, колеги од работа или познаници, кои патувале во странство, но не сакаат да седат дома како што наложува мерката чија цел е да се стави рампа на патот на движење на вирусот преку самоизолација.

Како што вчера изјави министерот за здравство Венко Филипче, сосема е можно, како во Италија, така и во Македонија да има граѓани кои се преносители на вирусот без тоа да го знаат бидејќи во првата фаза вирусот е асимптоматски односно лицето што го има не чувствува никакви симптоми.

Сепак, пријавата наскоро стана недостапна за јавноста и не е познат нејзиниот креатор, ниту пак причината поради која е повлечена.

The post Проциркулира, па исчезна пријавата за несовесни граѓани кои не се изолираат по пат во странство appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....