10.8 C
Скопје
15:13 - 19 декември, 2024

Промашена „бомба“ за Заев: Тој вели „мaрш“, а напишано е „важи“ (ВИДЕО)

На ново креиран Јутјуб профил е прикачена видео снимка потпишана „Заев зема рекет од 6 милиони евра!“.

Кога се споменуваат парите, гласот за кој се тврди дека е на лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели „мaрш“, а во видеото е пишано како „Важи јас влегувам во оваа работа“, со што се остава впечаток дека тонскиот запис е монтиран и заборавено е да се отстрани делот со „мaрш“ за да се прикаже дека тој земал рекет.

На снимката може и да се слушнат неколку нагли прекини со нелогични реченици.

Во снимката може и да се чуе Заев како го споменува адвокатот Васко Димишков, брат на судијката Димишкова.

„Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат и. Совети ми даде, што да правам, бара пари. Значи и он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра. Викам марш, јас влегувам во оваа работа“, се слуша гласот на Заев во краткиот монтиран исечок од 12 секунди.

Адвокатот Димишков инаку беше сведок и во случајот „Рекет“, а неговата сестра му одреди притвор на бизнисменот Орце Камчев за случајот „Империја“ и му го продолжи.

Снимката слушнете ја тука.

The post Промашена „бомба“ за Заев: Тој вели „мaрш“, а напишано е „важи“ (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Промашена „бомба“ за Заев: Тој вели „мaрш“, а напишано е „важи“ (ВИДЕО) was first posted on јули 12, 2020 at 4:53 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....