4.8 C
Скопје
10:15 - 15 ноември, 2024

Продолжуваат антивладините протести во Белорусија: Десетици илјади демонстранти учествуваа на „Маршот за слобода“ (ФОТО+ВИДЕО)

Десетици илјади Белоруси се собраа во Минск за да учествуваат на „Маршот за слобода” по контроверзните претседателски избори кога победи Александар Лукашенко.

Учесниците на антивладините демонстрации извикуваа „Заминувај” и „Да живее Белорусија”. Тие се движеа по Булеварот за независност, откако опозицијата повика на најголеми демонстрации од гласањето пред една недела.

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

На маршот учествуваа и група ветерани во воени униформи.

„Ние сме против насилство” и „Лукашенко мора да одговара за тортура и смртни случаи” се само некои од транспарентите на демонстрациите. Демонстрантите носеа и 100-метарско црвено-бело знаме.

Провладина демонстрација се случи претходно. Претседателот Лукашенко се појави и одржа говор. Тој повика на спасување на земјата од уништување.

Според западни медиуми, Лукашенко имал втор телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин. Тие разговарале за ситуацијата во Белорусија.

Фото: EPA-EFE/STR

За денеска е организирана најголемата демонстрација против владеењето на Лукашенко во државата. Во петокот, белоруската Влада се извини и почна да ги ослободува демонстрантите.

Протестите избија во Белорусија откако долгогодишниот лидер Александар Лукашенко победи на изборите во неделата. На власт е од 1994 година, и сега го освои шестиот мандат со поддршка од 80 отсто гласови.

The post Продолжуваат антивладините протести во Белорусија: Десетици илјади демонстранти учествуваа на „Маршот за слобода“ (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Продолжуваат антивладините протести во Белорусија: Десетици илјади демонстранти учествуваа на „Маршот за слобода“ (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on август 16, 2020 at 6:08 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....