3.8 C
Скопје
03:09 - 17 ноември, 2024

Приватни писма откриваат како Ким му се обраќал на Трамп: Дури и сега не можам да заборавам кога цврсто ја држев вашата рака Екселенцијо

Новинарот на Вашингтон пост Боб Вудворд, во неговата книга која треба да се објави следната недела, зборува за односот меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Неколку американски медиуми објавија извадоци од книгата, меѓу кои дел од личните писма кои Трамп и Ким ги размениле во изминативе две години, пишува Гласот на Америка.

Во писмата, Ким го фали Трамп и му се обраќа со „Ваша Екселенцијо“, поздравувајќи го нивното „длабоко и специјално пријателство“, дури и кога нуклеарните разговори САД – Севена Кореја пропаѓаа.

„Дури и сега не можам да го заборавам историскиот момент кога цврсто ја држев вашата рака Екселенцијо, на прекрасна и света локација, додека цел свет гледаше“, Ким му кажал на Трамп по нивната прва средба во Сингапур, во јуни 2018 година. Ова било апишано во едно од двете писма кои ги објави Си-ен-ен.

По вториот состанок во Виетнам, Ким му кажал на Трамп дека „секоја минута што ја поминавме пред 103 дена во Ханој беше момент на слава, која претставува посебно сеќавање“, објави Си-ен-ен што пишувало во писмата.

Според Вашингтон пост, по средбата во Сингапур, Трамп го опишал Ким како многу повеќе од паметен.

Весникот објави дека Трамп му кажал на Вудворд оти Ким му кажувал се`, вклучувајќи и графичко опишување како го убил неговиот вујко во 2013 поради предавство.

Трамп, во интервју за Гласот на Америка по самитот во Сингапур, рече дека Ким бил „паметен, го сака неговиот народ и ја сака неговата држава“.

Вудворд вели дека обезбедил 25 писма меѓу Трамп и Ким, иако не е јасно колку од разговорот во нив ќе биде објавен.

Некои аналитичари сметаат дека објавувањето на приватните писма меѓу двајцата лидери би ги ризикувало идните нуклеарни разговори.

Северна Кореја со месеци ги бојкотира разговорите, откако средбата во Ханој во февруари 2019 година, заврши без договор.

Трамп и Ким се сретнаа уште еднаш во јуни 2019 година во демилитаризираната зона меѓе двете Кореи, накусо зголемувајќи ја надежта дека разговорите би можеле да се обноват.

Според писмата кои ги објави Си-ен-ен, Ким потоа му кажал на Трамп дека бил многу навреден по заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.

Изминативе месеци, официјални лица на Северна Кореја изјавуваат дека и покрај тоа што односите меѓу Трамп и Ким остануваат силни, не биле доволни за да обезбеделе напредок во нуклеарните разговори.

The post Приватни писма откриваат како Ким му се обраќал на Трамп: Дури и сега не можам да заборавам кога цврсто ја држев вашата рака Екселенцијо appeared first on Слободен печат.


Приватни писма откриваат како Ким му се обраќал на Трамп: Дури и сега не можам да заборавам кога цврсто ја држев вашата рака Екселенцијо was first posted on септември 10, 2020 at 7:58 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....