-0.2 C
Скопје
07:45 - 19 ноември, 2024

Пресврт во случајот со вакцината од Оксфорд: Испитувањата ќе продолжат, еве кога ќе биде достапна

Веста дека итно е запрено тестирањето на вакцината од Оксфорд го загрижи светот, а сега се огласи и претседателот на компанијата АстраЗенека кој рекол дека и покрај прекинувањата вакцината ќе пристигне до крајот на годината.

Вакцината против коронавирусот на Универзитетот во Оксфорд би требала да биде подготвена за употреба до средината или крајот на декември, рекол на онлајн конференција претседателот на компанијата Паскал Сорио.

Тој објаснил дека компанијата мора да почека одобрување од независната комисија за безбедност пред да продолжи со испитувањата на вакцината.

Сорио демантираше дека жена од Британија, која доброволно ја примила вакцината, добила оток на рбетниот мозок и рекол дека е неопходно да се постави точна дијагноза.

Оксфорд го стопира развојот на вакцина против Ковид-19, се разболе еден од волонтерите

– Кога ќе знаеме што точно се случило, ќе знаеме и кога можеме да го продолжиме истражувањето. Вообичаено е ваквите процеси да се паузираат и да продолжуваат кога вакцината ќе се покаже безбедна, само што ретко тоа го набљудува целиот свет, рекол тој.

The post Пресврт во случајот со вакцината од Оксфорд: Испитувањата ќе продолжат, еве кога ќе биде достапна appeared first on Слободен печат.


Пресврт во случајот со вакцината од Оксфорд: Испитувањата ќе продолжат, еве кога ќе биде достапна was first posted on септември 12, 2020 at 10:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....