Oдлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа на седницата за потпретседатели, предизвика хаос во Собранието. Од денеска околу 30 асистенти, не дојдоа на работа во парламентот бидејќи на 30 септември им заврши договорот за работа. Со ваквиот чин сите пратенички групи останаа без помошта на своите асистенти, кои претежно се млади луѓе.
Од владејачкот мнозинство, велат дека со вчерашната одлука да не ја подржи одлуката за избор на собраниски потпретседатели, од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го прекршиле договорот на штета на асистентите кои на овие работни места се и по повеќе од 7,-8 години. Со ваквит чин ВМРО-ДПМНЕ кај овие вработени предизвика хаос во нивните семејства бидејќи без месечните прихдои не можат да си ги извршуваат секојдневните обврски, но и да си ги подмируваат секојдневните режиски и банкарски трошоци. Најтешко биле погодени неколу бремени асистентки кои морале да го земат породилното отсуство порано од потребното.
– Со немањето на одлука за избор на собраниски потпретседатели, од кои еден треба да копретседава со претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, не може да функицонира буџетскиот совет. Според Законот за Собрание една од обврските на буџетскиот совет е носењето на одлука за асистени по пратенички групи, велат во Коалицијата „Можеме“.
Според Законот за Собрание на секои пет пратеници следува по еден асистент. Со други зборови собраниските асистенти на пратениците се десната рака, или народски кажано тие се „калфите на мајсторите“ бидејќи во обемот на нивната работа спаѓаат неформалните обрски како што се купувањето бурек на пратеникот, па се до официјалните обрски., набавка на материјали за истражување и анализи за настапот на пратенкот од собранската говорница. Во доменот на нивнте обврски спаѓаат и навремено обезбедување административна поддршка на пратенкот но и на сите административни услуги во согласност со протоколите на Собранието. Асистентите имаа и контакт со странки кои бараат средби со пратеникот, но и организирање на прес конференции, односно го одржуваат дневниот ред на нивната работа.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека Собранието нема потреба од пет потпретседатели бидејќи нивното функцонирање ќе предизвикало непотребен трошок.
Од друга страна во собраниското мнозинство велат дека не може да се тера дневна политика со изборот на потпретседателите, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ бидејќи овие собраниски функции се потребни за неперечено функцоинрање на парламентот, а не предивикуваат ниту пак некакви големи дополнителни трошоци.
The post Пратениците останаа без „чираците“ appeared first on Слободен печат.
Пратениците останаа без „чираците“ was first posted on октомври 1, 2020 at 1:25 pm.