3.8 C
Скопје
21:03 - 20 декември, 2024

Пратеникот шоумен и од сопствениот погреб направи шоу

Смртта и погребот на пратеникот Амди Бајрам беа топ-тема на социјалните мрежи во изминатиот викенд. Шоуменот, како што некои го нарекуваат, успеа да направи шоу дури и откако почина. Прво на што реагираше јавноста беше информацијата дека Бајрам ќе биде погребан во Алејата на великаните. И ваквата информација не дојде од каде било, туку директно од неговата партија, Сојузот на Ромите. Амди Бајрам великан?!, реагираа граѓаните на социјалните мрежи.

Нашите следбеници на Фејсбук оставија многубројни коментари под веста.

„Зарем и Алејата на великаните се продава за пари? Каде е тогаш Есма, стара скопјанка, големата хуманитарка, која на секој начин и мајчински им помагаше на Ромите? Во каков запуштен гроб таа сега почива, а Музејот ѝ остана недовршен, незаштитен и ограбуван? Алооо, кого тоа прогласувате за великан, свесни ли сте што правите.“

„Да не е жално, би било смешно. Веројатно никому не му е јасно што значи зборот великан. Државата не успеа да открие многу вистински великани што се родија и делуваа на овие простори. Тие останаа анонимни. Жално.“

„Дали воопшто тие што решаваат и дозволуваат ваков апсурд знаат што значи Алејата на великаните?“

„Сѐ е ок, нека почива во мир, ама ние дефинитивно треба да се испитаме и да дефинираме што е великан, очигледно со годиниве се менуваат критериумите. Ние кога се образовавме, великаните беа нешто сосема друго“, беа само дел од коментарите на фејсбук-страницата на „Слободен печат“. 

Дали информацијата за местото каде ќе биде погребан Бајрам беше намерно пуштена „патка“ или пуста желба на неговите сопартијци, остана непознато, но демантот експресно стигна од АД „Бутел“.

„Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел, туку на парцела во муслиманскиот дел од гробиштата“, објаснија од претпријатието.

Погреб со 300 луѓе

На Амди Бајрам постмортем му беше утврдено дека бил заболен од  коронавирус, поради што здравствените власти апелираа до неговото семејство погребот да се одржи според ковид-протоколите, односно да не се собираат многу луѓе. Но, семејството на ова изреагира поинаку: Амди немаше корона и ќе го погребаме како што му доликува. Нашата новинарка Мирослава Бурнс беше на погребот и информираше дека околу 300 луѓе го испратиле Бајрам во неговото вечно почивалиште. Присутните носеле маски, што е за право. Но, што стана со законите и со протоколите? Зошто никој од надлежните не реагираше за нивното прекршување? Ова дополнително ги зовре социјалните мрежи. 

„Власта падна на испитот. Се покажа дека сѐ е гола вода“.

„Зошто полицијата не ги растера, како кај свадбите?“

„Сега сите нека си дадат оставки. До кога за едни еден закон, за други друг. На овој народ трпението му е при крај. Едни се граѓани на оваа држава, други не. Срамота.“

„И полиција имаше, ‘контролираше сообраќај’ на кружниот тек, блокираа сред кружен тек со полициско возило за да може „испраќачите“ беспречено да поминат.“

„Следен кластер Амди Бајрам. До кога ќе бидеме држава со двојни закони?“

„Ова кажува дека во државата нема правда и дека е селективна и не важи за секого. Драган Вучиќ, на пример, почина од корона и ги почитуваа ковид-протоколите, на погребот присуствуваа само десетина луѓе. Тие може да почитуваат закон, а што е Амди Бајрам позаслужен од него за државата, навистина не ми е јасно“, реагираа нашите читатели на Фејсбук.

Епидемиолозите не можат да ги најдат гостите од свадбата на внуката на Амди Бајрам

Никој не е ни крив ни должен што Амди Бајрам не беше погребан по протокол за починати од ковид-19

 

The post Пратеникот шоумен и од сопствениот погреб направи шоу appeared first on Слободен печат.


Пратеникот шоумен и од сопствениот погреб направи шоу was first posted on октомври 26, 2020 at 3:33 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....