Силен земјотрес ова утро го погоди Загреб. Ги преплаши граѓаните, а меѓу нив и познатите Хрвати. Меѓу првите се јави на социјалните мрежи Ела Дворник.
Omg kakav potres usrala sam se 😟😟😟😟j jel netko osjetio???
Publiée par Ella Dvornik sur Samedi 21 mars 2020
На Инстаграм објави фотка на која покажува дека излегла од дома и седи во автомобилот.
-Знае ли некој што се прави во вакви ситуации? Сите стоиме надвор и не ни е јасно, пишува Дворник.
Пејачот Лука Нижетиќ ги повика луѓето да останат смирени и ги предупреди да не наседнуваат на гласини за нови потреси.
Од станот излегла и глумицата Наташа Јаниќ со бебенцето и ги предупреила луѓето да дражат растојание додека стојат надвор.
– Час и половина отпосле а сè уште се тресам што од студ што од паника. Кажете ми дека и вие врескавте од страв, напишала Нивес Целзиус.
Глумицата Соња Коваќ бара информации.
Се ипслаши и водителот Далибор Петко.
Водителката и поранешен модел Еција не можела да одлучи дали треба да остане дома или да зилезе надвор во случај на нов земјотрес.
The post Познатите Хрвати се во шок по земјотресот: Врескав од страв, сè уште се тресам! appeared first on Слободен печат.