02:16 - 20 ноември, 2024

Повторно протести на улиците на Минск, полицијата приведе жени и новинари (ФОТО)

Илјадници луѓе се собраа вчера на улиците на Минск, а полицијата приведе десетици демонстранти.

Телевизијата Белсат јави дека најмалку 10.000 демонстранти учествуваа на Маршот на жените во Минск. Тие побараа ослободување на затворената лидерка на опозицијата, Марија Колесникова и го повикаа претседателот Александар Лукашенко да се повлече од функцијата.

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Кога учесниците на Маршот стигнаа до плоштадот Слобода, безбедносните сили започнаа да ги туркаат назад, да апсат жени и да ги внесуваат во возила.

Виасна, група за човекови права во Минск, објави дека најмалку 69 жени биле приведени во текот на денот.

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Белсат, сателитски телевизиски канал со седиште во Полска и насочен кон Белорусите, соопшти дека меѓу уапсените се и две нивни, кои носеле елеци, идентификувајќи се како членови на печатот. Полицијата ги запленила нивниот фотоапарат и телефони.

The post Повторно протести на улиците на Минск, полицијата приведе жени и новинари (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Повторно протести на улиците на Минск, полицијата приведе жени и новинари (ФОТО) was first posted on септември 13, 2020 at 9:35 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....