1.8 C
Скопје
15:53 - 23 декември, 2024

Повеќе од 150 пациенти чекаат на листите за трансплантација на орган

Првата трансплантација на срце која се направи во земјава со заедничка акција на јавното и приватно здравство ги подгреа надежите дека дарувањето и пресадувањето на органи може да биде сериозен начин на лекување за многу пациенти чија здравствена состојба не нуди други опции.

Срцето на младата донорка која настрада во сообраќајна несреќа чука во градите на 54-годишен маж. Тој според лекарите се наоѓа во стабилна здравствена состојба, но борбата за неговиот живот се уште трае. Вчера како што дознаваме имало влошување, по што добил поддршка од апарат, но денеска повторно е стабилен.

– Борбата за животот на овој човек продолжува по трансплантацијата, 14 дена се сметаат за критични и иако има осцилации можеме да кажеме дека се движиме во позитивна насока. Добива севкупна поддршка и сите лекарски тимови посветено работат се да биде добро на крај – вели Маја Мијоска Мојсова, национален координатор за трансплантација.

Беа пресадени и два бубрези, но за жал едниот пациент го отфрли бубрегот. Кај овој пациент трансплантација се прави по вторпат бидејќи и првиот пат го отфрлил органот. Лекарите коментираат дека овој пациент воопшто не бил кандидат за трансплантација заради структурана на крвните садови, подобро ќе било органот да се пресади на друг пациент.

– Овој пациент беше најкомпатибилен примател на органот. Се прават повеќе споредувања меѓу дарителот и примателот – објаснува националната координаторка за трансплантација.

Трансплантацијата од жив донор е ограничена можност бидејќи не секој има сроден дарител во семејството. Затоа големи надежи се вперени во кадаверичната трансплантација, односно трансплантација од пациенти кој се наоѓа во состојба на мозочна смрт. Еден ваков дарител може да спаси дури 8 човечки животи доколку здравствениот систем има можност да ги трансплантира сите органи.

Кај нас долго време не постоеја официјални електронски листи на чекање за трансплантација, но тие веќе се направени. Како што информираат од кацеларијата на националниот координатор за трансплантација, на листата за чекање за бубрези има 130 пациенти, на листата за срце има 20 пациенти, а на листата за коски во моментов има пет пациенти. Но овие листи постојано се надополнуваат како што се обработуваат нови пациенти.

Развојот на кадаверичната трансплантација кај нас има подеми и падови, но се уште не е воспоставен систем. Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, категорија на пациенти кои се најбројни на листите на чекање, јавно побараа да се спроведе кампања за донирање на органи, како би се подигнала свеста за органодарителството како највисок чин на човекољубие, но сега чека на одговор од Министерството за здравство. Кај нас донор на орган е секој кој во текот на својот живот не изразил волја дека не го сака тоа, но сепак конечна одлука за тоа дали органите ќе бидат подарени носи семејството.

The post Повеќе од 150 пациенти чекаат на листите за трансплантација на орган appeared first on Слободен печат.


Повеќе од 150 пациенти чекаат на листите за трансплантација на орган was first posted on мај 29, 2020 at 2:36 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....