-0.2 C
Скопје
02:24 - 22 декември, 2024

Портпарол на СЗО: Вакцина против Ковид-19 за три до четири месеци

Клиничките испитувања за вакцината против новиот коронавирус се очекуваат за три до четири месеци, рече портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ.

-Тимови на експерти од целиот свет се ангажираат дење и ноќе во оваа и другите заеднички мисии и веруваме дека тоа ќе даде резултати- изјави Јашаревиќ за „Вечерње новости”.

-Новиот вирус е глобален проблем, а вакцината против него е глобален напор да имаме поддршка и од Светска банка и од Коалицијата за иновации во спречувањето на ширење заразни болести. Целта на сите е да се најде вакцина што е можно поскоро- додаде портпаролот на СЗО.

Според него, потврдено е врз основа на генетската структура на вирусот дека не доаѓа од лабораторија, а се зголемуваат докази за поврзаност на Ковид-19 со слични коронавируси кои се јавуваат кај лилјаци.

-Самиот почеток и пренесувањето на вирусот на луѓе досега е нејасен. Најверојатната претпоставка е дека животно е преносник од лилјаци на луѓе- рече Јашаревиќ.

Тој додаде дека СЗО е охрабрена од постојаниот пад на бројот на пациенти во Кина, но исто така загрижен од бројот на пациенти во другите делови на светот.

„Посебно загрижуваат случаите без јасна епидемиолошка поврзаност”, нагласи тој.

The post Портпарол на СЗО: Вакцина против Ковид-19 за три до четири месеци appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....