1.8 C
Скопје
19:40 - 26 ноември, 2024

Поради инаетењето и лумперајките: Комисијата за заразни болести воведува рестрикции!

Македонија руши рекорди по бројот на новозаразени од Ковид 19. Во последните два дена има 475 нови случаи на вирусот по што Комисијата за заразни болести дефинитивно ќе воведе нови рестриктивни мерки. Како што дознава „Слободен печат“ од членови на Комисијата за заразни болести, на утрешната седница на која ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче, дефинитивно ќе има воведување на нови рестриктивни мерки за подрачјето на Скопје.

– Мерки ќе мора да има, зашто вака работата повеќе не оди, изјави за „Слободен печат“ директорот на ЦЈЗ Скопје и член на Комисијата за заразни болести Александар Стојанов.

Тој додаде дека деталите ќе бидат познати по седницата на Комисијата. Предвид доаѓаат ограничувања на работното време на угостителските објекти каде навечер нема “игла каде да се фрли”, а во кои посетителите не носат заштитна опрема и каде се собираат големи групи на граѓани.

Угостителските објекти тешко се зауздуваат, а ноќниот живот во Скопје и во градовите од внатрешноста се одвива без протоколи.

Државниот пазарен инспекторат изминатиот викенд поднел најмалку 14 кривични пријави и 15 опомени. Посетени се сите објекти што организирале свадби, а седум објекти што организирале свадби заработиле кривични пријави. Имало и седум објекти што добиле пријави за непочитување на протоколите. Свадбите биле со капацитет од сто или над сто посетители. Три од нив биле во Тетово, три во Скопје и една во Струга.

Директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски за „Слободен печат“ тврди дека во наредниот период ќе побара од владата да обезбеди правна рамка, за пазарната инспекција да има надлежности во соработка со полицијата на лице место да ги затвора угостителските објекти што нема да се однесуваат според протоколите и истите веднаш да ги празни од гости.

– Синоќа пративме наша екипа во објектот ,,Мош” во 21 часот, уште пред да почне да пее Владо Георгиев. Му било кажано на менаџментот да ги размести сите маси на метар и половина, колку столчиња има на масите толку луѓе да има, а не десетмина повеќе како што било затекнато. Исто така било наложено келнерите да носат маска и на секоја маса да има средство за дезинфекција. Кога нашите инспектори си заминале, повторно се си било исто, па се вратија околу 11 часот и составиле записник за поднесување на кривична пријава. Имало и полиција. Ние сакавме да почнеме со празнење на локалите но во консултација со правници добивме дојава дека тоа не е во наша надлежност. Затоа наредниот период од владата, од Собранието и од Комисијата за заразни болести ќе побарам да се воведе правна рамка, правен механизам за да можеме да ги празниме локалите на лице место од сите затекнати гости и да можеме веднаш овие локали да ги затвораме. Овие локали ја брукаат државата и сите угостители и не се ниту примени во асоцијациите и коморите на угостители, ни изјави Пауновски.

Познатиот скопски локал не е под клуч: Георгиев и вечерва ќе „грми“ во центарот на градот

Во барот „Мош“, како што додава директорот на пазарниот инспекторат, имало еклатантно непочитување на протоколите за работа.

– Имало голема гужва, дрско однесување од менаџментот и голем број полициски службеници. Во наредните три дена на овој објект ќе му биде изречена кривична пријава, а ќе биде затворен во времетраење од 10 дена поради неправилности што ги констатиравме при претходната контрола, додаде директорот.

Комисијата за заразни болести уште во август донесе акциски план за тоа што ќе се прави доколку на есен, во некои градови или региони бројката на новозаразени расте драстично. Како што тогаш во интервју за „Слбоден печат“ изјави министерот за здравство Венко Филипче, мерките ќе се воведуваат таргетирано, само во региони каде што епидемиолошката слика ќе укажува на нестабилност. Мерките се однесуваат на јавниот превоз, затворање на училиштата и градинките, ограничување на работата на угостителските објекти.

Меѓутоа, овие мерки ќе се воведуваат само онаму каде што има потреба а не на територијата на целата држава и согласно епидемиолошката слика, во времетраење од неколку недели додека ситуацијата да се смири.

The post Поради инаетењето и лумперајките: Комисијата за заразни болести воведува рестрикции! appeared first on Слободен печат.


Поради инаетењето и лумперајките: Комисијата за заразни болести воведува рестрикции! was first posted on октомври 4, 2020 at 11:51 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....