2.8 C
Скопје
19:55 - 20 декември, 2024

Почнува првото стечајно рочиште за Еуростандард банка

Доколку е завршена постапката за достава на табелата на доверителите со оспорени побарувања, на 6 ноември во Основниот граѓански суд Скопје треба да се одржи првото стечајно рочиште за побарувањата од Еуростандард банка. Стечајот го води Душко Тодевски, а банката ја изгуби дозволата за работа пред речиси три месеци. Според податоците од НБРСМ, во Еуростандард банка имало повеќе од 2.000 сметки на фирми, со дури 13 милиони евра. Свои сметки имаа и 136.000 домаќинства, кои во банката чувале  99,3 милиони евра или вкупно 112,3 милиони евра. Според регулативата, депозитите на домаќинствата до 30.000 евра се исплаќаат преку Фондот за обезбедување депозити и досега се исплатени околу 80 проценти од штедачите. Останатите депоненти со влогови над 30.000 евра ќе чекаат наплата од стечајната маса.

Во изминативе три месеци оштетените штедачи освен што протестираат, „водат војна“ со зборови со Народната банка и со поранешниот сопственик. Иако побараа, не беше донесен закон со кој државата би ги обесштетила, а потоа таа би си наплатила од стечајната маса.

-Извештајот од стечајниот управник покажува дека во време на пандемија сме оставени на немилост на државата, крадците од банката и фирмите преку кои се делеле нашите пари. Фактите од извештајот покажуваат и дека оваа стечајна постапка нема да биде ниту брза ниту лесна токму поради огромниот криминал којшто е направен. Поради сето тоа, државата мора да најде начин да не обесштети нас депонентите, а потоа да влезе во стечајната маса и да расчисти со криминалот и да ја впаричи стечајната маса и преку наплата на личниот имот и имотот на семејствата на крадците од банката, а и сите други што биле вклучени во криминалот – наведуваат од Здружението.

Оттаму додаваат дека такви и слични примери има многу во европските земји, кои во целост ги обесштетиле граѓаните и фирмите депоненти на пропаднати банки.

Во меѓувреме, ОЈО поднесе две кривични пријави против одговорните лица во Банката. Здружението кое ги застапува 780-те штедачи со депозити над 30.000 евра, до Уставен суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста на член 163 став 3 на Законот за банки, со кој се дава предимство за целосна наплата од стечајна маса на банка од Фондот за осигурување на депозити.

The post Почнува првото стечајно рочиште за Еуростандард банка appeared first on Слободен печат.


Почнува првото стечајно рочиште за Еуростандард банка was first posted on ноември 6, 2020 at 9:19 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....