Пандемијата од коронавирусот ги ескалираше проблемите на презадолжените со брзина која не се памети и може да се спореди со Големата депресија од 30-тите години.
Прва сосема очекувано, падна Аргентина. Нивниот министер за економија, Мартин Гузман, веќе со денови повторува во бизнис медиумите дека не се подготвени за договор со инвеститорите зошто „се базира на илузии и розови сценарија“.
Гузман отворено најавува банкрот поради 65 милијарди долари странски долг. На инвеститорите на маса им стави 62-процентно смалување на каматите во вредност од 38 милијарди долари, како и 5,4-процентно намалување на главнината во вредност од 3,6 милијарди долари и мораторум на било кое плаќање од 3 години. Фондот на менаџери на џиновски инвестициски куќи кои го држат аргентинскиот долг – BlackRock, Fidelity и T Rowe – останаа зачудени. Пресметката на инвеститорите и Аргентина има шанси да стане финансиски Армагедон со пошироко интернационално влијание.
Нешто помалку напнато е во Пакистан. Под закрила на Г20 нацијата бара стендистил аранжман. Се обидуваат да го одложат плаќањето на обврските кон странските доверители во текот на 2020 во износ од 1,8 милијарди долари. Исламабад предупредува дека пакистанската економија застана поради Ковид-19 пандемиајта па мора да соберат нешто пари за финансирање на здравствените трошоци. Пакистан инаку има солиден раст. Оваа година ќе забележи умерен пад од 1,5 отсто (ако проценките не им се премногу оптимистични). И покрај тоа ММФ веќе мораше да им одобри 1,4 милијарди долари заем без камати за да можат да се соочат со пандемијата.
Либан практично банкротираше во март. Војната меѓу премиерот и гувернерот на централната банка, драматични преговори со сопствениците на обврзници и 50 процентен пад на либанската валута во однос на доларот, се знаци на неизвесна иднина. Натрупаниот долг од 90 милијарди долари не можат да го издржат.
Цел низ пазари во развој годинава ќе забележат економски пад, а цените на нивните долгови се такви да не можат да ги сервисираат без раст на БДП. Развиените земји се обидуваат да ја релаксираат политиката кон пазарите во разворј. Дали релаксацијата ќе биде доволна?
Напоредно расте фискалната напнатост и во одредени развиени земји, додека целосна непозната е што се може (лошо) да се случи до крајот на годината со купот долг на компаниите со обврзниците во џанк статус.
Накратко, сѐ повеќе има знаци дека планетарното кралство на долгот почна да се руши и воопшто не е сигурно дека потпорните столбови кои ги поставија централните банки и националните влади ќе бидат доволно силни за да го задржат ридот кој тргна надолу.
Од сето тоа се наметнува заклучок дека можеби никога не било поважно да се одржи прашањето на долгот под контрола и да се скроти растењето на долгот кон БДП.
The post Почнаа банкротите на земјите: Дали планетарното кралство на долгот почна да се урива? appeared first on Слободен печат.