Иако американскиот претседател Доналд Трамп пред три дена воведе поостри мерки за да се спречи епидемијата на новиот коронавирус, тоа изгледа не е доволно.
Така, Флорида се најде на мета на критики, откако излегоа снимки од преполни плажи, во екот на епидемијата. Гувернерот на Флорида, Рон Десантис избегнувал да ги затвори плажите на Флорида, кои од туризам годишно носат во буџетот преку 40 милијарди долари, туку ги оставил локалните општини сами да ги носат тие одлуки, пишува Си-Ен-Ен.
„Вирусот нема да ме спречи да се забавувам“
За време на здравствената криза, младите во Мајами и не се многу загрижени за коронавирусот.
“If I get corona, I get corona. At the end of the day, I’m not gonna let it stop me from partying”: Spring breakers are still flocking to Miami, despite coronavirus warnings. https://t.co/RTwqZrxqae pic.twitter.com/rfPfea1LrC
— CBS News (@CBSNews) March 19, 2020
– Ако фатам корона, нека фатам. На крајот на денот, нема да дозволам тоа да ме спречи да се забавувам. Го чекавме пролетниот распуст, го планиравме ова патување два месеци и сега сме тука за да се забавуваме. Што ќе биде, нека биде – рекол за „Си-Би-Ес њуз“ Брејди Слејдер.
Други млади луѓе на прашањето на новинарите одговориле слично, и по се изгледаат позагрижени за пролетниот распуст отколку за вирусот.
The post Плажите на Флорида преполни, светот згрозен: Ако добијам корона, нека добијам (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.