2.8 C
Скопје
06:34 - 23 ноември, 2024

Петковски: Целта на Мицковски е да се создаде за лични интереси, невозможна состојба во државата, ДУИ секогаш коалицира со поуспешната партија од македонскиот блок

Лидерската средба е компромитација на политичкиот систем, односно забава за народ. Никаде не се користи, ни на Исток ни на Запад. Сите таму не го заслужуват тој епитет на лидери. Лидерите гледаат малку подалеку, визионерски и прават компромиси во име на државата, вели долгогодишниот политичар Тито Петковски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Според него, Уставот предвидува кога распуштеното Собрание може да се врати назад, а особено во време на вонредна состојба.

-Собранието ги распиша предвремените избори и дојде до оваа вонредна ситуација и токму поради такви околности Уставот предвидува истото да се свика. Пратениците во постојниот состав го имаат мандатот се до верификација на идниот состав на Парламентот. Граѓаните го имаат суверенитетот, го делигираат на пратениците, така вели Уставот. Собранието е во постојано заседание и не можам да разберам зошто лидерската средба е супститут на Собранието, изјави Петковски.

Коментирајќи ја лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, Петковски потенцира дека Претседателот со тоа покажува добра волја, да ги состани лидерите на парламентарните партии на едно место за националните државни интереси.

-Ова е изместување на тежиштето на политичките активности од Собранието на лидеркса средба. Во демократиите политичката битка се води во Собранието, преку пратениците, координаторите на партиите. А некои од учесниците овде немаат кредибилитет ниту легитимитет да разговараат. Мицковски никогаш не учествувал на избори, а претставен е како лидер во таа неформална група која ја презеде надлежноста на Собранието. За мене нема дилема, изборите се распишани, изјави поранешниот собраниски спикер.

Петковски дополни дека доколку некој реши да бојкотира, тоа го прави на свој ризик, бидејќи течат сите изборни процеси.

-Логиката налага, веднаш по завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат изборните активности кај што застанаа. Мицковски постави три услови пред средбата, Комисијата да даде проценка за безбедноста, ОБСЕ да присуствува и ДИК да се прозинесе како ќе ги спроведе изборите. Во Македонија мора конечно да се спроведува закон, а не политички договор на неформална група и точка. Тие три услова и онака се исполнети, дециден е Петковски.

За карактерот на лидерската средба тој уште вели е до толку дерогиран што на такви лидерски средби, политичарите се договараа кој треба да се гони кривично, што значи мешање во судството.

Тој меѓу другото, ги коментираше позициите на Мицковски и ДУИ.

-Целта на Мицковски е да се создаде, за лични интереси, невозможна состојба во државата и да се дојде во ситуација пак да се создава некаква влада на национално единство како за време на војната и тука да ќари ВМРО ДПМНЕ. Не треба да се остваруваат желбите на поединци, туку да продолжат политичките процеси. ДУИ се вешти играчи и оставаат простор. Коалицира секогаш со поуспешната партија од македонскиот блок. Вешти се. ДУИ сега не сака криза, порано имаа такви пресметки, но тие сакаат секогаш да се на власт. Значително е порасната поддршката на ДУИ од другите албански партии, тие нема да ризикуваат, а ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден аргумент да ги бојкотира изборите, посочи Петковски.

 

The post Петковски: Целта на Мицковски е да се создаде за лични интереси, невозможна состојба во државата, ДУИ секогаш коалицира со поуспешната партија од македонскиот блок appeared first on Слободен печат.


Петковски: Целта на Мицковски е да се создаде за лични интереси, невозможна состојба во државата, ДУИ секогаш коалицира со поуспешната партија од македонскиот блок was first posted on мај 19, 2020 at 8:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....