3.8 C
Скопје
06:16 - 21 декември, 2024

Пет теории на заговор за коронавирусот кои се шират по интернетот: Кина сакала да го користи коронавирусот како биолошко оружје против САД

Колку и да зема голем замав глобалната пандемија на коронавирусот, уште повеќе се шират и теориите на заговор кои „објаснуваат“ каде бил создаден вирусот, на кој начин стигнал во јавноста, која му е вистинската цел.

Интернетот е преполн со цела низа на недокажани, а во некои случаи и потполно неверојатни тези кои, најчесто, немаат никаква поврзаност со вистината.

Кина сакала да го користи коронавирусот како биолошко оружје против САД – Лага

Се шираат теории на заговор дека коронавирусот бил создаден во тајна кинеска лабораторија, а дека вистинската намена била тој да биде биолошко оружје.

Точно е дека во Вухан, кинескиот град во кој почна епидемијата на болеста има истражувачка лабораторија за вируси, но научниците се согласуваат дека коронавирусот е создаден во природата, а не во лаборатории.

Користење Ибупрофен овозможува брзо ширење на вирусот – Неточно

Ибупрофен е еден од најчестите лекови против болки и зголемена температура, но тврдењето како неговото користење го зголемува ширењето на вирусот не е точна. Оваа гласина се појави како лажна вест, која наводно, преку „Whatsapp“ ја проширил еден од вработените во Универзитетската болница во Виена.

Се огласи и самата институција која порача дека не треба да се верува ништо што не е објавено на службените канали за комуникација.

Коронавирусот е поопасен од САРС – Неточно

Ова твврдење едноставно не е точно. Новиот коронавирусот побрзо се шири од САРС, но нивото на тешко заболување кај втората болест е многу почеста.

Во најголем број на случаи, заболувањето од коронавирусот поминува со благи симптоми, некогаш и со никакви симптоми.

Осип кој предизвикува чешање и специфични црвени отоци на кожата се дел од симптомите на коронавирусот кои се кријат од јавноста – Неточно

– Според моите сознавања ниту пациентите кои биле заразени од САРС, како и од сегашниот коронавирус немаат никаков осип на кожата – искоментирал професорот на Универзитетската клиника во Фрајбург, Хартмут Хенгел.

Инститот кој го подржува фондацијата „Гејтс“ има патент на коронавирусот – Неточно

Според тврдењата на теоретичарите на заговори на интернетот, фондацијата на Бил Гејтс финансирала развој на патоген.

Факт е дека Пирбрајт институтот уште од 2015 година има патент под името „Коронавирус“, но станува збор за патент за вакцина против вирус од птици.

Истражувањето кое тогаш било спроведено нема никаква поврзаност со сегашната пандемија.

The post Пет теории на заговор за коронавирусот кои се шират по интернетот: Кина сакала да го користи коронавирусот како биолошко оружје против САД appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....