7.8 C
Скопје
19:46 - 31 март, 2026

Пејачот Ламбе Алабаковски го признал извршувањето на кривичното дело – подметнување на пожарот пред културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола

Триесет и четири годишен маж од Битола е лицето кое го запали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Според информации на домашните медиуми се работи за пејачот Ламбе Алабаковски кој го признал извршувањето на кривичното дело.

„Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов” во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон”, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара“, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Центарот „Ванчо Михајлов” пред 3 дена во Битола објави дека се опожарени нивните простории и дека очекуваат од институциите во најбрз можен рок целосно да го расветлат случајот.

Изгорени се влезната врата и натписот „Ванчо Михајлов“ од Бугарскиот клуб на улица Рузвелтова во Битола. Внатре не е нанесена штета.

Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на Културниот центар „Иван Михајлов”, вели дека пожарот е подметнат рано утрово во пет часот и дека соседите повикале пожарна и бил изгаснат, па не се проширил врз други делови од објектот.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....