7.8 C
Скопје
13:11 - 22 декември, 2024

Пациентот со подарено срце се уште е во болница, уште двајца имаат итна потреба од таква трансплантација

Педесет и четиригодишниот Иван кој е првиот пациенти на кого во земјава му е пресадено срце од пациенти во состојба на мозочна смрт, се уште е во болницата. Лекарите велат дека срцето, иако женско пресадено во маж, добро работи, но сепак се уште има компликации поради кои пациентот не е спремен да биде пуштен дома. Во меѓувреме, друг пациент кој чекаше трансплантација почина. Како што неофицијално дознаваме, уште двајца имаат итна потреба од трансплантација на срце за да се одржат во живот.

– Иван се уште се наоѓа на Клиниката за кадриохирургија и е во добра состојба. Вообичаено е пациентите со трансплантиран орган, посебно срце, да имаат подолго постопреативно лекување и болнички престој.  Тие имаат одредени компликации пропишани во литературата и тие се менаџираат медицински. Би сакале да кажеме дека Иван ќе биде добар оној момент која ќе ја напушти клиниката. Засега велиме дека е стабилен и дека сме задоволни со неговата здравствена состојба – објаснуваат од канцеларијата на Националниот координатор за трансплантација.

Иван се чувствува добро, новото срце работи убаво. Тој јаде, се движи, но се уште е рано да се зборува за одење дома.

-Се надеваме дека ако е се во ред, за десетина дена Иван би заминал дома – велат оние кои се грижат за него.

За него ова е практично нов живот, бидејќи тој имаше срце со кое немаше да може да живее подолго од неколку месеци. Лекарите велат дека со редовни контроли и придржување до пропишаната терапија, тој како и другите пациенти со трансплантирано срце имаат релативно нормален живот.

На листата на пациенти кои чекаат трансплантација на срце има дваесетина пациенти кои се со различен степен на итност. Најмладиот пациент е на возраст од 13 години. Колку точно се итни за операција од канцеларијата на Националниот координатор велат дека во моментот не може да кажат бидејќи се ажурираат листите. Според неофицијалните информации, итни за трансплантација се двајца пациенти кои ако не добијат срце во поскоро време би можеле да умрат.

– Не секој би се трансплантирал веднаш дури и да има орган кој одговара за неговата крвна група, доколку не се наоѓа во навистина тешка состојба. Трансплантацијата е сложена процедура со многу компликации и на тоа решение се оди само кога нема друго. Постои алгоритам кој е прифатен од кардиолозите во трите кардиохирургии по кои се поставува скор за итност за секој пациент и така се дава приоритет при трансплантација. Секако овој скор се менува во зависност од состојбата на пациентот – објаснуваат од канцеларијата на Националниот координатор.

Нова трансплатација на срце може да има во оној случај кога ќе имаме донор, пациент кој исполнува критериуми за мозочна смрт со здрав орган кој би се трансплантирал и примател кој одговара и има итна потреба од срце. Важен момент е тоа што семејството треба да даде согласност за трансплантација, додаваат оттаму.

Во изминатите денови во јавноста беше актуелна информацијата со младото  момче Кристијан Неделковски кој почина додека чекаше да му биде направена трансплантација.

Од канцеларијата на Националниот координатор за трансплантација објаснуваат дека бидејќи кај нас нема соодветен донор и кај него требало да се трансплантираат два органи е направена интензивна комуникација со трансплантациски центри во Виена и Љубљана.

-Беше испратена комплетна историја на наш пациет кој имаше потреба од трансплантација на срце и бели дробови, комбинација која ние се уште не можеме сами да ја работиме. Стигнаа негативни одговори од двата центри – велат од канцеларијата на Националниот координатор.

Во однос на препраќањето на пациенти во странство за трансплантација, технички трансплантацијата е изземена од лекувањето во странство затоа што секоја земја има своја Национална листа и соработката, односно размената на органи и препраќањето на пациенти оди само во рамките на земјите членки на Еуротрансплант.

-Ние правиме напор со посебни договори да вклучиме наши пациенти на тие листи, но за жал добиваме негативен одговор – потенцираат од канцеларијата на Националниот координатор.

The post Пациентот со подарено срце се уште е во болница, уште двајца имаат итна потреба од таква трансплантација appeared first on Слободен печат.


Пациентот со подарено срце се уште е во болница, уште двајца имаат итна потреба од таква трансплантација was first posted on јуни 27, 2020 at 11:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....