На денешната втора лидерска средба кај претседателот на државата не е постигнат консензус за датум за предвремени парламентарни избори. Првично овие избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба тие беа одложени со владина Уредба со законска сила.
Во текот на следните денови, како што се најавува, се очекува партиите да имаат меѓусебни разговори.
ВМРО-ДПМНЕ биле за избори на крајот на август на почетокот на септември, додека СДСМ за крајот на јуни. За брзи избори се изјасни и ДУИ. Алијанса на Албанците и Алтернатива не се за избори на 21 јуни.
На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.
The post Партиите нè се усогласија за датум за избори appeared first on Слободен печат.
Партиите нè се усогласија за датум за избори was first posted on мај 18, 2020 at 3:55 pm.