-2.2 C
Скопје
21:18 - 24 ноември, 2024

Партиите ќе поминат неказнето за предвреме одржаните митинзи

Очекувавме политичките партии да пројават совест и да не функционира се врз основа на казни, изјави членот на Антикорупциската комисија, Катица Николовска, одговорајќи на прашањето зошто и ДКСК, но и Државната изборна комисија се прогласија ненадлежни за пријавите за предвремено започната кампања, што пристигнаа од учесниците во изборниот процес. Од Антикорупциска креваат раце и велат дека поради вонредната состојба практично ниту еден орган не може да ги санкционира партиите, кои пред официјалниот старт на изборната кампања организираа партиски собири и трибини, делеа пропаганден материјал, а имаше и случаи на политичко рекламирање во дел од медиумите.

– За време на вонредна состојба беа укинати активностите на органите, на државните институции, како на Државната комисија за спречување корупција, така и на ДИК. Немаше кој да постапува. Во вонредна состојба не важат правилата за изборните процеси. Немаше ниту владина уредба во тој период која ќе предвидеше вакво постапување, тврди Николовска.

Негодување што партиите ќе поминат неказнето за нарушување на изборните правила, пристигна и од невладината организација ЦИВИЛ, што го набљудуваше избирачкиот процес.

– Не ни е чудно што Антикорупциската комисија тврди дека не е надлежна во конкретната ситуација. Чувар на законитоста на изборниот процес е Државната изборна комисија. Ако ДИК нема одговор за нерегуларностите, не знам кој друг би бил надлежен. ЦИВИЛ костатира бројни случаи на нарушување на демократските стандарди. Иако била прогласена вонредна состојба во ниту еден случај не треба да се анулираат постоечките закони за изборниот процес, изјави за Слободен печат Џабир Дерала.

И од ДИК сметаат дека нема основ да постапуваат по членовите од Изборниот законик, бидејќи кога се одржувале партиските настани за кои има пријави се уште била на сила вонредната состојба. Дополнително, од ДИК велат дека не знаат зошто Антикорупциската комисија воопшто им го испратила приговорот и им предложија повторно да го разгледуваат.

За време на вонредната состојба Владата единствено издаде уредба за прашања поврзани со изборите, во која се наведува дека од нејзиното стапување на сила па се до престанокот на вонредната состојба не се применува членот 8-а од Изборниот законик, за кој надлежна за постапување е Антикорупциската комисија. Истото се однесува и на членот 69-а, што се однесува на роковите за започнување на изборната кампања, што де факто ги „озакони“ неправилностите во однос на партиските собири пред почетокот на кампањата, што финишираше на 15 јули.

 

The post Партиите ќе поминат неказнето за предвреме одржаните митинзи appeared first on Слободен печат.


Партиите ќе поминат неказнето за предвреме одржаните митинзи was first posted on октомври 21, 2020 at 2:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....