Во кинеската провинција Монголија завладеала паника откако во второ село во тој дел на Кина е воведен карантин.
Во градот Бајанур почина маж заболен од бубонска чума на кој му откажале неколку органи. Трагата на неговите контакти води до неговото родно село, кое веднаш беше ставено во строг карантин, неколку недели откако веќе беше затворено едно село, пренесува британски Експрес.
– Местото каде престојувал починатиот е запечатено и се спроведува сеопфатна епидемиолошка истрага, соопштиле властите во Бајанур, предупредувајќи на „опасност од ширење чума и во тој град“.
Во четвртокот во соседниот град Баоутоу, кој е најголем во независната покраина Монголија почина уште едно лице од бубонска чума. Како што соопштиле тамошните власти, мажот починал од колапс на крвотокот при инфекција со бубонска чума, по што веднаш го затвориле селото Суџи Синку, каде починатиот прв пат дошол во допир со болезста.
China saw 2 #bubonic plague deaths in the past week – the first 2 of the year
Sujixin village was sealed off and officials are “thoroughly disinfecting” the area where 1 of the patients lived
Bayannur a month ago had another patient, who was stablehttps://t.co/z095jY5m0Q
— Eva Fu (@EvaSailEast) August 8, 2020
Бубонската чума е многу заразна и често смртоносна болест, па оттаму и овие екстремни мерки.
Болеста е предизвикана од гриз на аразена болва која обично живее на телата на глодачи, како што се стаорците. Откако бувата ќе го гризне човекот, бактеријата стига до најблискиот лимфен чвор, каде се размножува, предизвикувајќи отоци.
Bubonic Plague Alert! Village in #China Sealed; Victim Dies of Multiple Organ Failure https://t.co/8XmXmOk25z#bubonic #bubonicplague pic.twitter.com/Ul8nz0Pygs
— Behindwoods (@behindwoods) August 8, 2020
The post Паника во Кина: Се шири бубонската чума, уште едно село ставено во карантин по смртен случај appeared first on Слободен печат.
Паника во Кина: Се шири бубонската чума, уште едно село ставено во карантин по смртен случај was first posted on август 11, 2020 at 8:37 am.