-0.2 C
Скопје
08:57 - 22 декември, 2024

„Панели на смртта“: Лекарите во Тексас принудени да одлучуваат кого ќе лекуваат, а кого ќе го испратат дома за да умре

Поради порастот на бројот на заразени од коронавирус, лекарите од Меморијалната болница од округот Стар во Тексас, единствена во тој округ, добија насоки да одлучуваат кои пациенти ќе ги лекуваат, а кои ќе ги испратат дома зошто веројатно ќе умрат.

Таканаречените „панели на смртта“ се воведени за да се растоварат ограничените медицински ресурси, а лекарите би можеле да се фокусираат на заболените кои имаат поголеми изгледи за да преживеат.

Округот Стар бележи раст на бројот на новозаболени од коронавирусот од почетокот на јули, а до 24 јули забележани се 1.769 случаи на инфекции, 17 потврдени жртви, додека за уште 33 се чека официјална потврда. Во округот Стар, покрај границата со Мексико живеат, 64.000 луѓе.

За наглиот пораст на бројот на заразените во округот, во кој на почетокот на пандемијата не е забележан ниту еден случај, властите ги обвинуваат социјалните собирања.

– Сега ги гледаме последиците од социјалните собири од 4. јули, од годишните одмори и од други можности за дружење, напиша на Фејсбук судијата од округот Стар, Елрој Вера.

– За жал, Меморијалната болница во округот Стар има ограничени ресурси и нашите лекари ќе мора да одлучуваат кој ќе добие лекување, а кој ќе оди дома за да почине опкружен со своите блиски, додаде тој.

Ураганот Хана, прв кој во 2020 година ги погоди САД, за викендот помина низ округот Стар и изнуди привремено затворање на „драјв ин“ центарот за тестирање од коронавирус.

– Работам како медицински техничар речиси 30 години и уште никогаш не сум доживеал толку тешка ситуација во нашиот крај, вели Корандо Риод, кој работи на одделението за ковид-19 во споменатата болница. Тој пред неколку дена е тестиран на коронавирус и се покажало дека е позитивен. Се опоравува дома во карантин.

Коментирајќи ги насоките во округот Стар, критичарите на администрацијата на Трамп зборуваат за „панели на смртта“, фраза која ја осмислија републиканските критичари на здравствените реформи на Барак Обама, лажно тврдејќи дека „панели на смртта“ ќе одлучуваат кој ќе биде подложен на важна терапија, пренесува „Гардијан“.

Ова не е прв округ кој е принуден да воведе вакви насоки. Првпат вакви стандарди се воведени во Аризона на трети јули, како реакција на барањето на давателите на здравствени услуги ширум државата. На почетокот на јули Аризона стана глобално жариште на коронавирусот, но стапката на раст на позитивни случаи од тогаш е во пад, пренесува „Гардијан“.

The post „Панели на смртта“: Лекарите во Тексас принудени да одлучуваат кого ќе лекуваат, а кого ќе го испратат дома за да умре appeared first on Слободен печат.


„Панели на смртта“: Лекарите во Тексас принудени да одлучуваат кого ќе лекуваат, а кого ќе го испратат дома за да умре was first posted on јули 28, 2020 at 11:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....