3.8 C
Скопје
13:22 - 23 декември, 2024

Падна бомба од небото – и не утепа никого!

Трогателен е напорот на Антонио Милошоски со објавување „бомби“ да му нанесе мортална политичка штета на Заев пред изборите во април. Во последната „бомба“, објавените монолози на Заев, составуваните 90-тина секунди од некаков подолг разговор со некого/некои, се со политичка тежина на бла-бла-бла-блебетање за правосудните реформи во Македонија, во преговарачкиот „другарче“-стил на бившиот премиер, кои можете да ги донесете во врска со сè и со ништо, бидејќи немаат ни „глава“ ни „опашка“… Нешто сакал авторот да каже со „бомбава“, ама никој не разбра баш што.

Всушност, целиот овој „бомбашки“ опозициски напор, предводен од најпогрешниот човек кого можете да го замислите за таква предизборна операција – ќе беше попаметно, наместо високиот груевистички политички егзекутор Милошоски, работата да му се препушти на чуварот на паркингот во „Белата палата“, бидејќи тој, кој и да е, секако има поголем политички кредибилитет од Антонио – може на крајот да заврши и со поголема штета, одошто корист за ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи, како и да ја завртите, со сите можни проблематични методи и сомнителни преговарачки купи-продај ставови за „спас“ на правната држава (за кои Антонио ќе „емитува“ барем уште десетина снимки во наредните триесетина дена), Заев направи доволно за судско продолжување на процесите во кои се замешани главните обвинети и осомничени за тешки видови на криминали и службени злоупотреби од најблиското окружување на Милошоски, како и тој самиот. Дури и со овие објавени снимки се потсетуваме дека правосудната „пеливанска“ преговарачка сага на Заев, водена со и против сите кои имаа интереси тој процес да не успее, не може да биде полоша од оние кои се правосудна цел на договараните реформи.

Проблемот со оваа стратегија на опозицијата е и во нешто друго: за разлика, своевремено, кога Заев реши да објавува „бомби“, сега за истата работа политичкиот и личниот ризик на Милошоски е рамен на НУЛА. Денес, за жал или за среќа, можете да објавите што сакате, за кого сакате, како сакате, кога сакате, каде сакате (може и во Италија, нема проблем!) – и за објавувачот да нема апсолутно никакви последици. Напротив, содржината на објавеното ќе ја пренесат и сите медиуми кои баш и не ги делат идеолошките и политичките матрици на опозицијата.

Ах, да, и малку ќе ве хејтаат на фејсбук, ама па таму е секој против секого и кога е рецепт за посни сарми во прашање.

Во годините, пак, кога и Милошоски дрмаше со Македонија, за работите што сега тој ги прави следуваа закани, апсења, малтретирања, отпуштања и медиумски дискредитации, пред да поминат на посериозни лични и семејни загрозувања по живот и смрт. Сега Антонио ќе објави нешто „драматично“ во недела на пладне, лаконски ќе се прошета во Обвинителство да ги остави „доказите“ на пријавница, па си оди во кафеана да прослави во семејна или пријателска атмосфера, пред да дремне попладнето дома на тросед. До вечерта драмолетката спласнала, може да се гледа нешто повозбудливо на Нетфликс.

Не случајно викаат: има разлика.

Сепак, треба да се причека и да се види што ќе ни донесат претстојните предизборни недели. Ќе биде тоа неизвесна трка за штета по здравјето на македонското население меѓу „корона“ вирусот и валканата предизборна кампања… И двата вируси се со можни смртни последици по оние кои ќе бидат заразени.

The post Падна бомба од небото – и не утепа никого! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....