16.8 C
Скопје
17:47 - 23 април, 2026

Мина Костиќ за првата средба со Брена: Ме праша од каде сум и ми кажа да ѝ донесам 40.000 марки!

Пејачката Мина Костиќ (44) прозборе за бракот со својот прв сопруг Тика, но и за односот за нејзиниот втор сопруг Игор Костиќ, но и едно случување од минатото кое е поврзано со Лепа Брена (59).

Првиот нејзин сопруг и задал тежок удар по разводот, кога и земал поголем дел од заедничкиот имот.

– Тоа го заборавив и го простив. Се во тој брак стекнав јас. Никој не ме тепаше по ушите да ставам се на негово име. Верував на луѓето. Тоа ми е големо училиште. Тогаш бев повредена и се чуствував искористено. Најдов сила да му простам, се молам за него и неговото здравје – изјавила Мина за српски „Курир“.

 

View this post on Instagram

 

Uskoro moj????

A post shared by Mina Kostić (@minakostic_official) on


Фолкерката потоа се омажи за Игор Костиќ, познат како Игор Икс, со кого имаат заедничка ќерка. Разводот со Игор како што изјавила, тешко и паднал.

– Многу тешко го поднесов тоа, патев. Размислував дали е грешка што се разведовме, мислев дека ќе се смириме, но не ни успеа – признала Мина.

Таа признала дека Игор финансиски и помага околу ќерката, но пејачката не бара многу пари.

– Нормално. Доаѓа и ми дава пари на рака или му купува на детето што му треба. Не треба да ми дава не знам колкави пари, бидејќи тој не работи, второ има уште едно дете и го разбирам. Што се однесува до мене, не мора ни да дава – рекла пејачката.

Мина во детството живеела скромно, но кога почнала да пее, дошло до промена, но на почетокот како што признава, морала да пее и по ниви.

– Од 16 години почнав да заработувам „ненормални“ пари. Работев со Беки Бекиќ, покоен Јане, да не зборувам за криминалците. Деведесетите пеев во Калуѓерица. Кога пристигнав се шокирав од тоа каде треба да пеам. Нива! Три месеци работевме таму. Сопственик на тоа беше покоен Каранфил – Фука, тоа беше човек од подземјето кого сите го познаваа. Не постои човек од светот на криминалот кој не беше таму. Бев заштитена како бела мечка. Кој и да влезе, јас само ја пеам неговата песна и само вадат пари. Се работеше од девет навечер, па до пладне – раскажала пејачката.

Мина тврди дека Лепа Брена сакала да и помогне кога видела дека почнува да гради кариера, но дека за возврат и побарала пари.

 

View this post on Instagram

 

Sremska Mitrovica veceras od 19h???Mi smo spremni!A vi???

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

– Се сеќавам кога пеев во Швајцарија, Брена ме праша од каде сум. И велам од Белград, бидејќи напишаа дека сум од Орашје. Ми кажа: „Донеси 40.000 марки и јас ќе ти помогнам“.

– Можеби и можев да соберам, бев најскапата пејачка, но не знаев да заштедам – изјавила таа и додала дека се е како што треба да биде…

Слични објави

Лепа Брена од овој приватен бизнис заработува веќе 33 години: Не се откажува од него, иако била во загуба

Еспресо

(Видео) „Речиси и да не пијам и не сум пробал дрога“: Владо Георгиев поискрен од кога било

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Да го третираме дијабетесот со сериозноста што ја заслужува

Еспресо

Покажи ми која сум без страв: Ивона со со нова мотивирачка порака

Еспресо

Бобан Здравковиќ проговори за скандалот со настапот кај Александра Пријовиќ: Хонорарот не бил причина зошто не гостувал

Еспресо

Милан Станковиќ ќе прави естетски зафати? Се подготвува за големо враќање на сцената

Еспресо
Се вчитува....