Коронавирусот агресивно се прошири во речиси секој дел од светот, заразувајќи 130.000 лица, но некои земји успеаја да се одбранат од оваа инфекција.
Ако ја погледнете картата на која се означени земјите во кои се потврдени случаи на коронавирусот, ќе забележите дека африканскиот континент во најголема успеа да се одбрани.
Како што велат експертите, ваквата ситуација во Африка е благодарение на високата температура на воздухот, пишуваат светските медиуми.
Иако вирусот стигна дури до Јужна Африка, и сликата се менува од час во час, повеќето други земји на овој континент не потврдија слични случаи. Меѓу нив се Либија, Нигерија, Чад, Мавританија, Ангола, Намибија, Танзанија, Кенија, Етиопија, Мали, Мадагаскар…
На соседниот Арапски полуостров Јемен е единствена држава во која вирусот не стигна. Корона нема ниту во Сирија.
Иако вирусот ја зафати и Русија и речиси сите земји во соседството, интересно е што сите земји од Средна Азија успешно се одбранија. Ниту еден случај на заразна болест не е забележан во Казахстан, Узбекистан, Туркменистан, Таџикистан и Киргистан.
Додека во Јужна Кореја расте бројот на заразени, од соседна Северна Кореја, најзатворената земја на светот, тврдат дека не е регистриран ниту еден случај на зараза со Ковид – 19. Иако некои аналитичари се сомневаат во точноста на информацијата, Светската здравствена организација нема податоци за заразените во оваа земја.
Кога станува збор за земјите од западната хемисфера, малку се земјите во кои вирусот не стигна. Меѓу нив се и Венецуела, Уругвај, Никарагва и Гватемала. На самиот север на Америка, и покрај целосно зафатениот простор од Канада, короната единствено не стигна на Аљаска.
Исто тка, нема заразени ниту на најголемиот остров на светот, Гренланд.
На Балканот единствено Црна Гора не пријави случаи на инфицирани од коронавирусот.
Досега од новиот вирус починаа 4.968 лица, а од вкупно заболените, речиси 69.000 пациенти се оправија.
The post Овие земји се одбранија од коронавирусот: Африка, Русија и соседите, Парагвај, Уругвај, Гватемала… (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.