23:00 - 22 декември, 2024

Ова е следниот епицентар на епидемијата: Едни жртвите од коронавирусот ги погребуваат во масовни гробници, други ги бараат телата по мртовечници (ФОТО)

На 12. мај, на Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари, припадниците на оваа струка одржаа демонстрации во Бразилија во знак на сеќавање на 109 колеги во Бразил кои вршењето на оваа работа ја платија со живот. Носеа маски и бели мантили, а во рацете имиња на починатите.

96.000 заразени за недела дена

-Латинска Америка веројатно ќе стане нов центар на пандемијата – вели Ана де Лемос.

Претседателката на бразилскиот огранок на организацијата „Лекари без граници“ укажува на рапидниот пораст на заразени и починати. Според податоците на СЗО, само Јужна Америка минатата недела забележала 96.000 нови случаи на инфекции и околу 5.500 нови жртви, што е пораст од 45, односно 51 отсто. Во Мексико властите оваа недела исто така објавија рекорден број на жртви за 24 часа (околу 5.000).

Лопез Обрадор оваа недела најави објава на победа над коронавирусот, зошто кривата на растот спласнува.

Масовна гробница на жртви од коронавирус во Рио де Женеиро Фото: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Притоа официјалните податоци не ја прикажуваат вистинската состојба. Извештаите на погребалните претпријатија и медицинскиот персонал, како и анализите на научниците наведуваат на заклучок дека значително повеќе луѓе починале отколку што е познато.

„Њујорк тајмс“ го анализираше т.н. „вишок на умрени“ во три посебно погодени градови во Јужна Америка. Тие го споредија вкупниот број на починати во последните три месеци со просечниот број на починати во претходните години. Со анализата се опфатени не само починатите од ковид-19, туку и оние кои починале од други причини, вкулчувајќи ги и оние кои не се примени во болница затоа што немало место за нив. Заклучокот е: ситуацијата е слична како во центрите на криза во Европа и САД.

Во Лима, главниот град на Перу, починале двојно повеќе луѓе од обично, што е резултат кој одговара на најлошиот месец во Париз. Во Манаус, град од два милиони жители во бразилската дождовна шума, бројот на починати се дуплираше, што одговара на ситуацијата во Лондон и Мадрид. Ситуацијата во еквадорскиот пристанишен град Гвајакил, раното жариште на епидемијата во регионот, во април ситуацијата одговараше на пикот на кризата во Њујорк: починаа пет пати повеќе луѓе отколку во изминатите години.

Жртвите од коронавирус во Лима се почесто се кремираат поради недостиг на гробни места Фото: EPA-EFE/Sergi Rugrand ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Во Бразил сега веќе копаат масовни гробници, каде ковчезите со мртвите ги редат еден врз друг. Малку луѓе се тестираат, а според некои епидемиолошки модели реалниот број на мртви би можел да биде дури 15 пати поголем од официјалниот.

Бразилскиот претседател Жоао Босонаро збунет од новонастанатата ситуација во земјата Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Претседателот Жаир Болсонаро претходно го намалуваше значењето на вирусот, нарекувајќи го „грипче“, а најновата ситуација вака ја искоментира:

-Жал ми е. Што сакате да направам?

Глетките ја илустрираат тешката ситуација

Мексиканскиот претседател Лопез Обрадор оваа недела објави победа над коронавирусот Фото: EPA-EFE/Presidency of Mexico HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

За разлика од Бразил и Мексико, Перу многу доследно реагираше на ширењето на вирусот. Претседателот Мартин Вискара брзо воведе строги карантински мерки, но и покрај тоа, се поочигледно е дека пандемијата тешко ги погоди. Здравствениот систем во Лима е на работ на можностите, при што епидемиајта најжестоко се прошири меѓу домородното население, предупредува СЗО. Според подаотците на лекарите од амазонскиот регион Лорето, таму умира по едно лице на час.

Вработени во компанија за ковчези во Мексико Сити не можат да постигнат со работа Фото: EPA-EFE/Jorge Nunez

Меѓутоа, за разлика од Европа и САД, земјите од Латинска Америка немаат средства да се борат против пандемијата. Повеќегодишната економска стагнација предизвика скратување на средствата за здравството, а ан светскиот пазар заштитните опреми имаат конкуренти во силните земји.

Затоа се се почести сцените кои ја илустрираат тешката состојба во регионот, пишува „Шпигел“. Десетици илјади бегалци од Венецуела мораа да се вратат пеш во својата економски пропадната татковина, затоа што нема работа во соседните земји. Во Перу се случи невидена внатрешна миграција од истите причини: од главниот град Лима во селата. Во Гвајакил, Еквадор, каде во меѓувреме пропадна погребалниот сектор, луѓето трагаат по изгубените тела на своите најблиски.

The post Ова е следниот епицентар на епидемијата: Едни жртвите од коронавирусот ги погребуваат во масовни гробници, други ги бараат телата по мртовечници (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Ова е следниот епицентар на епидемијата: Едни жртвите од коронавирусот ги погребуваат во масовни гробници, други ги бараат телата по мртовечници (ФОТО) was first posted on мај 18, 2020 at 9:50 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....