2.8 C
Скопје
21:14 - 24 декември, 2024

Откриено можно решение за потешките случаи на ковид-19

Откритието на тимот од њујоршката болница „Маунт Синај“ би можело да помогне во решавање на големиот проблем со кој се соочуваат лекарите низ светот во лекувањето на заболените од коронавирусот – создавањето крвни згрутчувања, кои ги комплицираат тешките форми на болеста, која и онака е тешка за лекување.

Тимот објави дека продолжува со истражувањето на дејствувањето на антикоагулантите за да открие кој од нив и во која доза дејствува најдобро.

– Пациентите што примаа антикоагуланти се чувствуваа подобро од оние што не ги примаа. Тоа веќе има импликација. Луѓето, верувам, би требало да се лекуваат со антитромбоцитни лекови – рекол за Си-ен-ен д-р Валентин Фустер, директор на болницата.

Резултатите сѐ уште не се доволно јасни за недвосмислени препораки и тимот напоменува дека е поголема веројатноста дека лековите против згрутчување на крвта ќе им се даваат на потешко заболените од ковид-19.

Во истражувањето биле опфатени повеќе од 27.000 пациенти лекувани во болницата „Маунт Синај“. Од март, на некои пациенти им давале лекови против згрутчување. Тимот систематски проучувал дали терапијата со тие лекови имала поинаков исход и утврдил дека е така – во случај на пациенти што биле на респиратори.

Тие откриле дека починале 29 отсто од пациентите на респиратори кои добиле антикоагуланти, наспроти 63 отсто од оние на респиратори кои починале, а не примале лекови против згрутчувања на крвта.

„Нашето откритие сугерира дека антикоагулантите може да бидат поврзани со подобрувањето на исходите меѓу пациентите заболени од ковид-19“, напишале во објавениот труд.

Научниците не воочиле значајно зголемување на шансите за важната нуспојава од таа терапија – проблеми со засилено крвавење кај оние пациенти што примале антикоагуланти.

Нивното истражување покажало дека пациентите примале различни лекови против згрутчување и во различни дози, па со тоа прашање уште треба да се занимаваат.

Фастер додава дека создавањето крвни згрутчувања е важен фактор во леталниот исход на заболените од ковид-19. Тоа почнува со создавање на тромбовите во белите дробови, потоа во бубрезите, во срцето и на крајот во мозокот.

Фастер сака да испита дали лековите против згрутчувања може да делуваат кај пациентите што не се хоспитализирани, со оглед на тоа дека се појавуваат загрижувачки случаи на мозочни удари кај лицата помлади од 50 години кај кои не треба да постои ризик од удар, а дополнително е утврдено дека биле заразени со коронавирусот.

Не е познато зошто вирусот предизвикува згрутчувања, но можно е да станува збор за нуспојава на тешки воспалителни реакции поттикнати од вирусот.

The post Откриено можно решение за потешките случаи на ковид-19 appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....