11.8 C
Скопје
00:50 - 3 мај, 2024

Откриена долго чувана тајна: Велика Британија уште пред три години била предупредена дека не е подготвена да се справи со евентуална пандемија

Студијата, до која стигна лондонскиот „Гардијан“, открива дека британската влада била предупредена пред три години дека нејзините планови за борба против евентуална пандемија, како онаа низ која Британија во моментов минува, не се на задоволително ниво и дека одговорот на кризата нема да биде адекватен.

Тајното досие на Јавната здравствена установа во Англија е создадено како симулација на пандемија на грип под кодното име „ Exercise Cygnus “.

Студијата предупредува на „недостаток на заеднички тактички планови“ за време на вонредна состојба, кога потребите за државна интервенција и услугите на надлежните локални капацитети и здравствениот систем, не се во состојба да го обезбедат потребното ниво на услуги.

Британскиот кабинет претходно призна дека такво досие постои, но министрите одбија да го објават.

Извештајот кој датира до 2017 година ќе отвори многу прашања за тоа дали некогаш министрите воопшто имплементирале некои клучни препораки кои се однесуваат на домовите за стари лица.

Во него се содржани 26 клучни препораки, вклучително и јакнење на капацитетите на домовите за стари лица и бројот на личности кои стојат на располагање во нив. Исто така

Исто така Британија е предупредена за предизвикот со кој ќе се соочат домовите за стари лица. Велика Британија, по бројот на починати лица, е прва најтешко погодена земја во Европа.

 

The post Откриена долго чувана тајна: Велика Британија уште пред три години била предупредена дека не е подготвена да се справи со евентуална пандемија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....