13.8 C
Скопје
00:15 - 7 мај, 2024

Очигледно е дека Ким Џонг Ун е жив и здрав, зошто Си Ен Ен и другите медиуми јавуваа дека умира?

Се чини дека Ким Џонг Ун е жив, а се чини и дека после сите шпекулации е и здрав. Севернокорејскиот диктатор се гледа на фотографијата која ја издаде државата минатата недела како сече лента на нова фабрика за компост надвор од Пјонгјанг. Како што напиша Вашингтон Пост, воопшто не изгледаше мртов.

Развојот на настаните беше малку незгоден за Си Ен Ен и некои други медиумски куќи ширум светот, но и за бројни разузнавачки служби кои последните недели ги поминаа истражувајќи ја здравствената состојба на Кин Џонг Ун.

Според приказните инаку од доверливи медиумски куќи, Кин Џонг Ун умрел. Пишуваа дека е во голема опасност по операција која тргнала на лошо. Други пак јавија дека е во кома и нема мозочна активност.

Но сега се чини дека ништо од тоа не е вистина.

Што е вистина?

Иако е тешко било што да се тврди кога се работи за Северна Кореја, фотографиите од новата фабрика сугерираат дека информациите минатата недела биле дезинформации, половични шпекулации или чисти нагаѓања.

Изгледа се почна кога веб сајт од Јужна Кореја призна дека погрешно превел еден анонимен извор кој говорел за здравјето на Ким Џонг Ун.

Првата приказна за наводните здравствени проблеми на Ким Џонг Ун е објавена на интернет страницата Дејли НК, која објавуа вести, шпекулации и гласини за Северна Кореја.

На 20 април овој сајт објави дека Ким Џонг Ун се опоравува од кардиоваскуларен зафат кој наводно бил резултат на пушење, дебелина и замор. Тој портал тогаш навел дека е во стабилна состојба.

Но Робер Лауер, уредник на изданието на англиски јазик Дејли НК, рече дека англискиот превод за кардиоваскуларен зафат бил лошо преведен од корејски како операција на срце, што е многу посериозен израз од оној кој стоел во оригиналните извештаи.

Дејли НК во меѓувреме својата приказна на англиски ја поправи така да стои „кардиоваскуларен зафат“, а не „операција“.

Како течеше се?

Имаше некакви приказни кои зборуваа за загриженоста на Ким и неговото здравје, се јавуваше дека Ким не е виден во јавност од 11. април и дека од 15. април не се појавил на важен настан, роденденот на Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја, „вечниот претседател“ и дедо на Ким Џонг Ун.

Официјални лица од Јужна Кореја ја релативизираа приказната со изјави во НК Дејли дека нема необични активности во Пјонгјанг, дека нема никакво движење на војската, пораст на комуникации, свирење на погребална музика – што се би значело дека нешто му се случило на 36-годишниот Ким.

Сепак, потрагата по информации на меѓународно ниво почна.

Приказните на Си Ен Ен и ТМЗ

На 21 април Си Ен Ен објави дека САД ги следи разузнавачките информации дека Кин Џонг Ун е во тешка состојба после операцијата. Приказната цитирала повеќе американски службени лица со директни сознанија и други извори упатени во информациите. Еден разузнавач рече дека загриженоста за здравјето на Ким е оправдана, но дека треба да се провери допрва колку е се опасно.

Портпаролот на Си Ен Ен остана на приказната велејќи дека била вистинита. Авторот на приказната Џим Скиуто одби да коментира. Тогаш приказната експлодираше. Извештајот на Си Ен Ен покрена меѓународна игра на трачеви, пишува Вашингтон Пост и додава дека се појавувале се повеќе приказни за Ким Џонг Ун.

ТМЗ во еден момент на Твитер објави дека Ким Џонг Ун е мртов со додаток „ударни вест“. Додадоа и збор „известија“ во приказната и во насловот. МСНБЦ на Твитер јави дека Ким останал без мозочна активност повикувајќи се на две американски службени лица, иако подоцна се извинија за твитот. Се зборуваше дека Ким е во кома или дека го убиле неговите чувари.

Трамп и Твитер

Наскоро на Твитер почна да се трендира хаштагот KIMJONGUNISDEAD.

Несигурноста околу овие информации поттикна приказни за неговиот наследник, односно Ким Џо Јонг. Дејли Бист тврдеше дека негова сестра ќе го наследи.

Во се се вклучи и Трамп, кој понуди уште недоречености. Рече на  брифингот на 23 април дека оваа приказна на Си Ен Ен не е точна, но не знаеше да објани што точно не е точно. Додаде реченица која покажа дека и тој не знае за што зборува.

„Имам добар однос со Ким Џонг Ун и се надевам дека е ок“, рече тогаш Трамп. Неколку дена подоцна наведе дека има добра претстава за здравјето на Ким, но за сега не може да зборува за тоа.

И така светот не знаеше дали Северна Кореја, држава со нуклеарно оружје, има нов водач или ќе почне борбата за власт.

На сите овие прашања е одговорено во саботата кога Северна Кореја објави фотографија од Ким Џонг Ун.

Што велат експертите за Северна Кореја?

Експертите во Северна Кореја сега имаат неколку пораки до американските медиуми, а Вашингтон пост пренесе што пишуваат:

  • Не верувај, провери. „Додека е тешко да се дознае дури и за најдобрите случаи што се случува во Северна Кореја, гласините за Ким се појавија во посебно време, додека земјата уште повеќе се затвора во борбата со коронавирусот. Џан Х. Ли, директор на корејската програма во Вилсон Центарот во Вашингтон и поранешен директор на канцеларијата на АП во Пјонгјанг, вели дека токму затоа медиумите мора да бидат уште повнимателни. „Никогаш не сум дошол до приказна додека сам не сум ја проверил. Секогаш сум бил внимателен да не ширам информации кои не се проверени“, рече Ли.
  • „Разузнавачките служби не се толку информирани“, рече Џунг Х. Парк, соработник на Брукингс Институтот во Вашингтон. Рече дека под прашање дали приказната би се прифатела ако неиуменуван американски извор не им даде информација на Си Ен Ен и МСНБЦ. Парк вели дека најтешко е да се добие увид во здравјето на Ким поради контраразузнавачката пракса на таа земја. Тој воедно е и поранешен аналитичар на ЦИА. „Тешко е воопшто да се добие пристап до нешто чувствително како здравјето на владетелот на Северна Кореја или на друго место“, рече и додаде дека би било поразумно од западните служби воопшто да не пуштија такви информации.
  • Трамп не помогна. „Начинот на кој Трамп дава информации ретко помага работите вистински да се разјаснат и ситуацијата да се смири“, рече Џени Таун од Стимонс Центарот во Вашингтон и заменик директор на порталот кој ја анализира Северна Кореја. Додава дека веројатно Трамп добил информација за Кин, но прашање е колку била точна. „Прашањата за здравјето на Ким Џонг Ун како претседател требаше да ги очекува и внимателно да одговори. Одговорите требаше да бидат подготвени така што тоа што тој го знае и што смееше да каже да влева доверба во владината способност да се носи со ситуацијата“, рече таа.

The post Очигледно е дека Ким Џонг Ун е жив и здрав, зошто Си Ен Ен и другите медиуми јавуваа дека умира? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....