-1.2 C
Скопје
09:20 - 23 декември, 2024

Откриен кој е најголем фактор на ризик: Еве која болест предизвикува најголеми компликации со коронавирусот

Студија на Универзитетот во Њујорк тврди дека прекумерната тежина е број еден ризик за да дојде до компликации и хоспитализација заради коронавирусот кај луѓето над 65 години.

Популацијата над 65 години е карактеризирана како ризична група за заболување од коронавирусот.

Старите лица и луѓето со прекумерна тежина имаат најголеми шанси да бидат хоспитализирани заради компликациите кои ги предизвикува коронавирусот, па дури и повеќе шанси од заболените од рак или со проблеми на белите дробови, предупредуваат истражувачите.

Од Универзитетот во Њујорк набљудувале повеќе од 8.000 пациенти и откриле дека луѓето преку 65 години со БМИ (индекс на телесна маса) над 30 се со најголем ризик од смрт.

Истражувачите откриле дека дури 46 отсто од сите пациенти кои се хоспитализирани со коронавирус имале над 65.

Научниците истакнале дека годините се дефинитивно најголемиот фактор на ризик за хоспитализација, а здравствената состојба која најчесто е поврзана со тешката состојба на болеста е прекумерната тежина.

Посебно истражување утврдило дека на пациентите помлади од 60 години дупло поверојатно дека ќе им биде потребна болничка нега или вештачка вентилација доколку се со прекумерна тежина.

The post Откриен кој е најголем фактор на ризик: Еве која болест предизвикува најголеми компликации со коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....