Јулија Адлешиќ, 22 годишна Словенка, претпладнево е осудена на казна затвор од две години поради измама и намерно отсекување на дланка на раката за повлекување на пари од осигурување.
Со обвинителниот акт, покрај неа како првообвинета, беа опфатени и нејзиниот партнер Себастијан Абрамов и неговите родители Тинка Хускиќ Колариќ и Горазд Колариќ за обид за измама со осигурување.
Според словенечките медиуми, таа и нејзиното момче се прогласени за виновни. Нејзиното момче доби три години затвор, а Адлешиќ две години затвор. Според порталот 24ur.com, во казната ќе биде вклучено и времето што двајцата го минале во домашен притвор.
Горазд Колариќ, таткото на Абрамов, е осуден на една година условна казна, а Тинка Хускиќ Колариќ беше ослободена од обвинението.
Адлешиќ тврдеше дека несреќата се случила на почетокот на 2019 година, откако со циркуларна пила си ја отсекла шаката. Според нејзината верзија на настанот, таткото на Себастијан прв дотрчал на местото на несреќата и повикал брза помош, но тој ја оставил отсечената дланка на местото на настанот, пишуваат медиумите.
Дваесетгодишната девојка пред судот во Љубљана пред неколку дена изјави дека не сторила ништо намерно и дека досега немала никакви проблеми со законот освен возење без појас.
– Никој не сака да стане инвалид. Да можам да го вратам времето, нема да се доближам до таа пила, рече таа пред судот и побара од судијата да ја ослободи од домашен притвор, пишува 24ur.com.
Девојката ја зaгуби дланката на 4 јануари во 2019 година. Неколку дена по несреќата, таа побара исплата од осигурувањето, но беше обвинета за измама.
Обвинителството тврди дека тие испланирале сè уште во 2018 година и дека потоа склучиле договор за осигурување со неколку осигурителни компании. Во овој случај, поради попреченост, Јулија требала да добие над еден милион евра од кои дел веднаш, а дел во форма на постојан месечен приход. Исто така, обвинителството тврди дека нејзиното момче пребарувал на Интернет за вештачката, биомеханичка рака пред несреќата, што одговара на тезата дека сè било испланирано.
The post Осудена за измама: Две години затвор за Словенка која си ја отсече дланката за пари од осигурување appeared first on Слободен печат.
Осудена за измама: Две години затвор за Словенка која си ја отсече дланката за пари од осигурување was first posted on септември 11, 2020 at 1:04 pm.