3.8 C
Скопје
15:20 - 20 декември, 2024

Ординациите и аптеките најжилави на пазарот

Просечниот живот на речиси половина од македонските фирми е пет години, а најголемиот дел од нив се неактивни три години по ред. Државната статистика измерила дека 88,3 проценти од новоформираните фирми ја преживуваат првата година, но само 45,1 проценти се задржале во живот и по пет години од формирањето. Најжилави биле претпријатијата од здравствената и социјална заштита (79.7 проценти). Тука спаѓаат голем број приватни лекарски ординации и аптеки, приватни лаборатории за био- хемиски анализи и слично.

Причините за затворање на фирмите се различни, а според еден поранешен производител на чорапи кој сакаше да остане анонимен, голем проблем е и нелојалната конкуренија.

– Сакав да понудам квалитетен производ, кој ќе биде произведен од домашни репроматеријали и ќе биде и ценовно достапен до потрошувачите. Во меѓувреме, се соочив со нелојална конкуренција, а драстично намалениот стандард ги пренасочи купувачите кон поевтини производи, чиј што квалитет, најблаго речено беше дискутабилен. Со оглед на фактот дека од година в година, приходите драстично паѓаа, бев приморан да ја затворам фирмата – ни раскажа поранешен производител на чорапи.

Според податоците на Централниот регистар, на почетокот на април годинава, покрената е постапка за бришење на 192 фирми, кои не поднеле завршни сметки за 2015, 2016 и 2017 година. Во март се избришани 570 фирми. Меѓу нив најбројни се трговците, фризерите и козметичарите, такси компаниите, фирмите од товарниот патен транспорт, сметководствените и фирмите кои даваат адвокатски услуги. Се затвориле и ресторани, а клуч на врата ставиле и теретани, игротеки, автошколи, аптеки, маркетинг агенции итн. Бидејќи тече четвртиот месец од пандемијата, јасно е дека сведувањето на сметките за изминатиот период нема да биде на страната на претприемачите.

Според податоците на Државниот завод за статистика, лани во земјава имало 75.914 активни деловни субјекти и во однос на 2018 година, нивниот број бил поголем за 5 проценти. Најмногу се отворале фирми кои се бавеле со уметност, забава и рекреација – 24.9 проценти, односно 349 субјекти. Во 2019 година, во однос на претходната, во секторот на здравствена и социјална заштита, имало намалување на бројот на активни деловни субјекти за 3,5 проценти. Напливот на новоотворени автомеханичарски работилници (30,5 проценти), лани се поврзува со големиот увоз на автомобили, но добро и одело и на преработувачката индустрија со 11 проценти.

Во земјава и натаму доминираат малите и микро бизниси, па меѓу активните деловни субјекти, со 80,7 проценти се оние со 1-9 вработени, а само 0,3 проценти од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Нормализацијата на состојбата може да го запре трендот на затворање на малите фирми

Штетите од вонредната состојба која траеше 3 месеци ќе се почувствуваат и во следниот среднорочен период кога ќе започне закрепнувањето. Kомпаниите почнаа да ги забележуваат големите загуби, но што е поважно, сега ќе се соочат и со последици што ќе бидат исто толку тешки, велат за “Слободен печат” од Комората на Севрозападна Македонија.

– Од социјален аспект, можеме да кажеме дека полека се враќаме во нормала, но што се однесува до економскиот аспект, ќе биде потребен подолг период за закрепнување. Враќањето во нормала малку ќе ја оживее економската активност, трговската размена  и потенцијално ќе овозможи пристигнување на директни ремитенции, но пристигнувањето на туристите и посетителите од други земји се уште е под знак прашалник заради состојбата со епидемијата, бидејќи бројките на новозаразени сè сеуште вознемирувачки. Вреди да се напомене дека нормализацијата на ситуацијата може да го запре трендот на затворање на многу микро и мали компании и може да биде добар почеток за закрепнување на истите. Сепак, овој период не ја обновува економијата, тоа е само фаза во која ќе се прекине драстичниот пад и во зависност од одлуките што ќе ги донесат институциите, ќе започне процесот на враќање на економијата во нормала – велат од СКЗМ.

The post Ординациите и аптеките најжилави на пазарот appeared first on Слободен печат.


Ординациите и аптеките најжилави на пазарот was first posted on јуни 29, 2020 at 9:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....