-1.2 C
Скопје
23:42 - 19 декември, 2024

Опозициско бесчестие

Во моменти кога се бориме за сечиј живот во оваа земја, гледаме на секој начин да се придржуваме до мерките на Владата, за мерки што не ги пропишува политиката, туку стручњаците, лекарите и епидемиолозите, па гледаме и тоа дека опозицијата на чело со Мицкоски не може да се воздржи, не може да отстапи од својата злонамерност, не може да ја смири својата аздисаност, а не се ни осмелува ниту да ги пофали мерките за карантин и самоизолација, кои се имплицитно на стручњаците, лекарите и епидемиолозите, а не на политиката.

Јас мислам, како прво, оваа Влада се грижи за секој еден граѓанин, било тој да е од странство, било да е тука. Прилично јасно ги исчитуваме и извештаите на Никола Димитров, министерот за надворешни работи, и таму прецизно (и опширно) стои кои граѓани доаѓаат во земјата затоа што се затекнале или живеат во странство. Односно гледаме каде и со кои авиорелации ги земаме нашите граѓани што се затекнале на некои светски аеродроми.

Демагогија

Меѓутоа, овде гледам и некои други работи. Има тука и демагогија, има тука и злонамерни работи. Внимавајте, ние денес имаме „полициски час“ со проширени ограничувања, па исчитувам коментари од типот – „Заев намерно нѐ малтретира и нѐ држи затворени во своите домови“, па исчитувам и коментари од типот – „на Заев дијаспората му е добра кога праќа пари, ама не му е добра кога треба да се врати во земјата“.

Имено, оваа се денес класичните спинови и лаги на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните гнасни „информативни“ телевизии и портали. На тој начин тие шират лажни вести, кои потоа стасуваат и на социјалните мрежи и на одредени медиуми. Вести во кои учествуваат и луѓе со „име и презиме“ во оваа земја, што, ми се чини, ќе биде забележано во историјата на бесчестие на оваа земја, тогаш кога некој ќе прави анализа што и како се зборуваше, што и како се случуваше во време на најголемата светска пандемија што ја зафати и Северна Македонија.

Работата, имено, е потполно обратна. Граѓаните што се постари од 65 години, за нив има наjстроги мерки затоа што целта на забраната е тие да се заштитат – од проста причина – тие се „најфрагилна“ категорија граѓани. Тоа е најнеотпорна група што ја напаѓа коронавирусот, и оваа констатација не ја испишувам јас, туку оваа констатација ја зборуваат лекарите. Оливер Спасовски, ако добро исчитуваме, изрази жалење што мора да ја воведе таа мерка. На прес-конференцијата десетина пати повтори дека тоа не го прави Владата затоа што сака да изигрува полицаец, затоа што сака да им наштети на нашите постари сограѓани и сонародници, туку потполно обратно – со цел нив први да ги заштити затоа што се тие, ви велам, најнеотпорна група. И во таа смисла, да се спинува со глупави тези дека тука се „кршел Уставот“, па биле „загрозени човековите права“, па дека се врши некаква „сегрегација“ според старосна доба…

Знаете што, не сакам ова да го кажам: не му посакувам никому да му се случи да заболи од коронавирус, а оние луѓе што велат дека со овие забрани се крши Уставот, се кршат човековите права, и ако некој не ги почитува мерките на Владата – и се разболи – лекарите слободно нека му речат, со Уставот да се лекува. Нема потреба да се лекува на доктор кога во Уставот сѐ убаво пишува, нели?

Вонредна состојба е време на суспензија на граѓанските права и слободи – во корист на граѓаните. Јас имам право да се движам од 5 часот наутро до 16 часот, ама кога е вонредна состојба и кога животот ми е загрозен од епидемија, Владата и претседателот на Владата ги имаат „сите права на овој свет“ да ми забранат да правам нешто, и тоа за мое лично добро. Прво, затоа што таа забрана е привремена, второ, тоа е забрана додека трае опасноста. Тоа е забрана што има за цел да ги заштити граѓаните. Тоа е забрана што има за цел да ја заштити државата.

И во таа смисла, однесувањето на некои делови на опозицијата, и тие некои делови од интелектуално-невладино-новинарско и што-ти-ја-знам милје, е едноставно скандалозно и идиотско. Внимавајте, вие имате закони што сите мора да ги почитуваат, а тие не ги почитуваат законите, тие се повикуваат на државен удар, тие арбитрираат дали некој треба да се чисти од јавниот простор, од судството, од администрацијата, од Владата, повикуваат дека требало да се шетаат кучиња кога тие ќе посакале среде епидемија.

Во неволја нема партии

Од друга страна, постојат некои правила во демократски општества, постои некој кодекс, во Северна Македонија таквиот кодекс постоел отсекогаш: кога е неволја, кога е некоја општа опасност, тогаш нема партии, нема идиотско опозиционерство, нема глупава критика, тогаш мораме сите да бидеме солидарни, да си помагаме едни на други, да се разбереме едни со други во неволја, да ги слушаме оние што се одговорни, оние што се попаметни, оние што се пообразовани, оние што се постручни од нас, а тоа се професорите на медицина, лекарите, епидемиолозите и инфектолозите од Кризниот штаб на државата.

Значи, да се повикуваш денес на бесрамно опозиционерство, и да се обидуваш да ја користиш короната за свој политички партнер, така што ќе го рушиш Заев и оваа Влада – тоа е врв на бесчестие! Тоа е нешто што не е забележано во политичката историја на оваа земја. Едноставно, срам на опозициско бесчестие.

Таквите вкалкулирани идиотски опозиционери, од првиот ден, од нултиот ден, работат систематски: создаваат паника, пуштаат спинови и лажни вести, на секој начин се обидуваат да создадат недоверба на граѓаните кон институциите и државата. И оние опозициски „стручњаци“ што ги омаловажуваат професорите, лекарите, докторите и сите оние луѓе што овие денови носат многу важни и тешки одлуки само да ги заштитат граѓаните од инфекцијата. Што значи дека тие работат многу свесно, многу плански, многу систематски. И тоа е многу сериозна работа, па оттука би дал еден совет до Владата да размислат што да се прави со оние луѓе-опозиционери што прават многу поголема штета од самиот коронавирус.

The post Опозициско бесчестие appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....