4.8 C
Скопје
20:41 - 27 ноември, 2024

Олимписки базен: Гужви пред соблекувалните, температура на влез не се мери, Бухова вели не можеле стражари да бидат

Пандемијата на коронавирусот влијае(ше) и на спортот, со одложување, презакажување или откажување на голем број настани, натпревари, шампионати. После неколкумесечна пауза спортот во Македонија полека, но сигурно се врати, започнаа да се применуваат протоколите со цел да се спречи ширењето на вирусот ковид-19.

Во нашата земја се отворија и базените за пливачките клубови, со сите препораки и упатства кои треба да се почитуваат пред пливање, за време на тренингот и по тренингот.

Но, и пливачите не останаа имуни на коронавирусот. Според наши информации, заболени од ковид-19 во изминатиот период имало неколку тренери на пливачки клубови и пливачи кои тренираат на Олимпискиот базен Центар. Читатели на Слободен печат до нашата редакција испратија фотографии на кои се гледа дека на базенот, во денови кога се одржуваат тренинзи, во делот кај соблекувалните се создава огромна гужва.

„Некои од родителите маските ги држат под брада, дистанца нема никаква. Ова што се случува на базенот е тотално лудило. Децата се буткаат, чекаат ред за соблекувална, влегуваат еден по друг, не се врши никаква дезинфекција во меѓувреме“, коментираат нашите читатели.

Олимписки базен-Центар/ Фото: Приватна архива
Олимписки базен/ Фото: Приватна архива

Тие додаваат и дека на децата не им се мери температура кога влегуваат на базенот за тренинг, иако тоа е едно од правилата наведени во протоколите кои ги донесе владата за отворање на базените.

Раководителот на Олимпискиот базен „Центар“, Мартин Маневски вели дека температура при влез на базенот не треба да се мери.

– Температура не треба да се мери, можете да ги отворите протоколите, јасно се достапни на страницата, изложени кај нас, како и во Комисијата за заразни болести. Обележано е растојание од два метри на влезот на базенот, на видно место истакнати се сите мерки кои треба да се почитуваат во смисла на тоа да се носи чиста опрема, при влез во базенот задолжително да се носи маска.

Согласно протоколот, значи, при влез во базенот имаме редар задолжен за да прави дезинфекција на рацете на секој човек посебно. При влез во базенот се запишува контакт телефонски број на секое дете, при влез на секое дете во базенот, значи со електронските картички е регулирано истото да се евидентира во системот, со име, презиме и клуб. Кога влегло, во колку часот, значи сè тоа се почитува согласно протоколите.

Во однос на хигиената базенот се чисти на секој час, може и побрзо во однос на поголема фреквенција на луѓе, имаме напред редар, задолжен за воспоставување на ред. Внатре во базенот 24/7 е електронската филтрација на вода, квалитетот на истата се проверува од Центарот за јавно здравје, значи хемиски, физички, бактериолошки на секој можен начин.

Во соблекувалните се прави гужва доколку родителите се задржат подолго време за што има голем одреден дел од нив кои што се задржуваат и при смена од 6 до 7 часот додека си ги земаат децата. Истите носат маски, соблекувалните како што можете да видите на онлајн галеријата се сите одвоени, значи во нив се два метри високи, нема никаков допир помеѓу еден и друг човек. Истите се дезинфицираат после секоја група – посочува Маневски.

Тој нагласува дека е задолжително сите кои влегуваат на базенот да носта маски и дека посетителите мора да се придржуваат до правилата.

– Сите треба да носат маски, имаме изложено на повеќе локации дека задржувањето треба да биде сведено на минимум. Сите деца кои не можат сами да се пресоблечат, нормално ќе влезе родителот да помогне и сите кои можат. Советуваме родителите да не се задржуваат во базенскиот простор, значи доколку има задржување, тоа да биде најкратко што може.

Најмногу што можеме да обрнеме внимание е да поставиме луѓе кои ќе предупредуваат за носењето на маските, тоа е максимумот што можеме ние како институција да го пружиме. Во наш интерес е сè да се почитува сето тоа. Во однос на гужви знам дека нема, освен родителите кои измеѓу групите во 6 и 7 часот ги земаат децата, ама не можеме дете од 4 години да оставиме родителот да не може да го земе – рече Маневски.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова вели дека е донесен правилник од Комисијата за заразни болести според кој треба да се однесуваат токму и пливачките базени и тие се одговорни за почитување на протоколите, односно тој што го стопанисува одредениот базен.

– Сите тие пливачки базени за сите тренинзи, натпревари доставија протоколи до Комисијата за заразни болести. Комисијата ги одобри, односно ги кажа протоколите за организирање на натпреварите, тренинзите во пливачките базени. Тој што е одговорен, самиот организатор, тој што стопанисува е одговорен за спроведување на протоколите, правното лице кое стопанисува со базенот или организаторот на настанот.

Имаме контроли во пливачки базени, но тие се во тек. Ние немаме распоред кој кога ќе плива или кога ќе се натпреварува, од друга страна ДСЗИ не може да биде стражар дали некој го почитува протоколот. Протоколите поминуваат преку Владата, што значи дека се со закон обврзани. Штом Владата донела протокол и е објавен на нејзината веб страна и во Службен весник, тој што стопанисува, организаторот е обврзан да ги почитува истите – ни изјави Сотирова Бухова.

ДСЗИ оди во вонредни надзори спрема нивни распоред, нивни вклопувања и други обврски. Тоа е нивна надлежност, но пак сè е на совест на граѓаните. Ќе биде присутен инспекторатот, но не значи дека треба да стои таму, додава таа.

– Да, контролите на пливачките базени се во ингеренција на ДСЗИ, спроведуваме надзори, но доколку ме прашувате дали за секој конкретен настан, ние ниту знаеме кога се организира, ниту пак треба да знаеме. Обврската за почитување е на тој што го организира или го стопанисува базенот – изјави Сотирова Бухова.

 

 

The post Олимписки базен: Гужви пред соблекувалните, температура на влез не се мери, Бухова вели не можеле стражари да бидат appeared first on Слободен печат.


Олимписки базен: Гужви пред соблекувалните, температура на влез не се мери, Бухова вели не можеле стражари да бидат was first posted on септември 28, 2020 at 12:03 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....