3.8 C
Скопје
21:38 - 20 декември, 2024

Огромна брука за САД

Пред еден месец, на 25 април годинава, Irish Times објави извонреден осврт од својот водечки коментатор Финтан О’Тул, текст кој го привлече вниманието во целиот свет. Насловот и поднасловот на таа подробна и елоквентно составена анализа ги сумира заклучоците што ги понуди авторот како свој став за начинот на кој САД се справува со епидемијата на ковид-19 во сопствените граници: „Доналд Трамп ја уништи земјата за која вети дека повторно ќе ја направи извонредна“… Низ историјата, вели О’Тул, „светот ги сакаше, ги мразеше или им завидуваше на САД. Сега, за прв пат, ги жалиме.“

Таа анализа беше впечатлива и пред еден месец. Но, нејзината валидност се потврдува и триесетина дена потоа, практично до вчера, кога во САД се надмина бројката од 100.000 починати од корона вирусот. До крајов на оваа недела, за жал, таа трагична бројка ќе биде поголема од комбинираните воени и цивилни загуби на САД во Виетнамската (58.209) и Кореанската војна (36.516), плус војната во Заливот (294) и оние во Ирак (4.497) и Авганистан (2.216). И тоа само во овие, први три-четири месеци од пандемијата.

Американскиот проблем, се разбира, не е само во големината на бројките на починатите. Подмолноста на ковид 19 го изненади целиот свет и може да се тврди, особено ако се „игра“ со споредбените и сè уште некомплетни статистички податоци, дека и многу други земји поминуваат лошо или и полошо во справувањето со вирусот. Светот уште долго ќе се занимава со анализите за поставеноста и структурите на здравствените системи и здравствените политики, како и со тоа кој, како и кога можел и требал да предвиди, да преземе, да одлучи, да пресече, да делува… Итн. Впрочем, таа приказна уште е далеку од својот крај.

Американскиот проблем е што, барем во најголемиот дел од светот надвор од САД, речиси да постои консензус дека срамното здравствено потфрлање на најбогатата, најразвиената, најмоќната земја и најстарата демократија во светот во голем дел е резултат на некомпетентното, потценувачко, хаотично, трагикомично, политикантско, конфликтно и, со еден збор, несериозно управување на Доналд Трамп со политиката за спротивставување на големата здравствена закана. Хомер Симпсон би можел вода да му носи. Со заштитна маска.

Дури не е ни важно дали и во која мера е Кина глобалниот виновник за појавата и ширењето на вирусот – замислете ја нејзината веродостојност, кога не пријавија ни еден случај на заразени во Шангај или Пекинг во неделите кога епидемијата им беснееше во провинцијата Хубеи со шеесетина милиони жители! Можеби и Светската здравствена организација можеше да стори повеќе и понавремено. Секако и американската здравствена и фармацевтска индустрија имаат причини за преиспитување на сопствените политики.

Но – Трамп! Здивот да ти застане! Каква леснотија на епохална неодговорност и недостаток на базична емпатија, во време на национална криза. И каков срамен молк во неговата Републиканска партија, средината од која израснале некои од најголемите политички лидери во модерната историја на светот. Огромна брука за САД.

Без сомневање, тоа ќе има подалекусежни последици за општата меѓународна позиција на САД. Нарушена е аурата на прогресивност, компетентност и авторитетност по низа прашања, суштински за демократскиот, па и општиот развој во светот. Таа загуба не е само американска, последиците се глобални, бездруго и во региони како нашиот.

Навистина, сте можеле да ги сакате, да ги мразите или да им завидувате на Американците – сега е вистинско време да ги жалите. Дури и пред да го изберат повторно за претседател.

The post Огромна брука за САД appeared first on Слободен печат.


Огромна брука за САД was first posted on мај 27, 2020 at 10:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....