Британските универзитети треба да го одложат отворањето планирано за следниот месец, со цел да се спречи влошување на епидемиолошката состојба во земјата, соопшти синдикатот и повика наставата да се одржува онлајн.
Владата на Велика Британија е цел на критики поради нејзините планови да ги отвори училиштата, особено по расправата за резултатите од испитите и неуспешниот обид за враќање на сите ученици во училниците претходно оваа година.
Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика граѓаните да се вратат во еден вид нормален живот по укинувањето на мерките за карантин.
Сепак, Синдикатот на универзитетите и колеџите соопшти дека е премногу рано студентите да се вратат на универзитетите, предупредувајќи дека тоа може да доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.
Во соопштението на синдикатот се вели дека е време Владата конечно да преземе одлучни и одговорни чекори во кризата предизвикана од пандемијата, како и да им нареди на универзитетите да ги сменат плановите за одржување на часови во живо.
Синдикатот апелираше до надлежните да продолжат да предаваат онлајн во текот на првиот семестар.
Неколку универзитети соопштија дека се подготвени за отворање во текот на следниот месец, по неколку недели подготовка, додека некои студенти изјавија дека веќе ги потрошиле парите подготвувајќи се за почетокот на новиот семестар.
The post Одложено отворањето на универзитетите? Велика Британија стравува од влошување на епидемиолошката состојба appeared first on Слободен печат.
Одложено отворањето на универзитетите? Велика Британија стравува од влошување на епидемиолошката состојба was first posted on август 30, 2020 at 12:58 pm.