Од ноќеска на полноќ граѓаните ќе точат гориво по нови значително пониски цени откако на денешната редовна седница РКЕ одлучи да ја коригира цената на горивата согласно движењата на цените на светскиот пазар со црно злато.
Новата корекција донесува пад на цената на малопродажба на нафтените деривати во просек за 14,54 отсто што претставува рекорден пад забележан изминатиов период.
Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 7,50 денари/литар и ќе изнесуваат 54,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 56,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 6,00 денари/литар и од вечерва на полноќ малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 ден/кг и ќе изнесува 21,934 ден/кг.
Нарушениот баланс на понудата и побарувачката со нафта и нафтени производи во светот поради корона вирусот предизвика тренд на намалување на берзанските цени на суровата нафта и на готовите нафтени производи што се одразува врз формирањето на цените и кај нас – посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.
The post Одлична вест за возачите – горивата со рекорден пад на цените! appeared first on Слободен печат.