Премиерот на најнаселената германска покраина, Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет се смета за главен кандидат на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) за нов канцелар на изборите во 2021 година, кога актуелната канцеларка Ангела Меркел ќе се повлече од функцијата.
Британските медиуми пренесуваат дека и самиот Лашет се опишува како кандидат кој сака да го продолжи политичкиот пат на Ангела Меркел со што полека го создава мнозинството меѓу 1.001 партиски делегати со право на глас.
Иако неговиот главен ривал, Фридрих Мерц, е попопуларен кај гласачите, Лашет се надева дека како осведочен центрист ќе може да го надополни својот недостаток на харизма.
Еден социјалдемократски пратеник, кој инсистираше на анонимност, изјави дека Лашет најверојатно ќе излезе како победник од внатрепартиските избори.
Британските медиуми од свои извори дознаваат дека Лашет, се чини, ќе биде кандидатот за канцелар и од сестринска партија – баварската Христијанска социјална унија, која никогаш во нејзината политичката историја не била во можност да даде канцелар од своите редови.
Лашет се појави на германската политичка сцена по победата на локалните избори во неговата матична покраина и благодарение на поддршката од канцеларката Ангела Меркел, која неодамна изјави дека „Лашет има способност да се бори на изборите за германскиот канцелар “.
The post Од покраински премиер до сојузен канцелар: Армин Лашет како најсериозен кандидат за наследник на Меркел appeared first on Слободен печат.
Од покраински премиер до сојузен канцелар: Армин Лашет како најсериозен кандидат за наследник на Меркел was first posted on октомври 5, 2020 at 11:52 am.