3.8 C
Скопје
23:18 - 20 декември, 2024

Објавени фотографии од верски обреди во црква во Аеродром: Верниците и поповите без маски и дистанца

На социјалните мрежи вчера се појавија фотографии кои, според коментарите, се направени во  црквата „Св.Илија“ во Аеродром, а на нив се гледа како за време на верски обред повторно не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, пренесе Либертас.

На објавените фотографии се забележува групирање на присутните верници во внатрешноста на црквата, а речиси ниту еден од нив не носи заштитна маска. Заштитна маска не носат ниту поповите.

Слободен печат стапи во контакт со раководството во црквата „Св. Илија“ од каде ги демантираат ваквите информации, односно велат дека при секоја литургија во црквата се почитуваат сите пропишани мерки.

– Не е точно дека не се почитуваат мерките, не знаеме дали станува збор за постари фотографии, меѓутоа во црквата ние го правиме редот и им кажуваме на присутните да стојат на растојание од 1,5 до 2 метри, со тоа што на оние кои имаат маски им дозволуваме да влезат внатре, а сите други остануваат надвор – велат од црквата „Св.Илија“ во Аеродром за „Слободен печат“.

Старешината од  тамошната црква вели дека поповите постојано зборуваат со верниците, односно редовно им посочуваат на кои работи треба да се внимава за заштита на јавното здравје.

-Ние се трудиме да им објасниме на верниците дека мора да се заштитат и кога правиме молитви стоиме на два метри од нив и епитракилот го ставаме врз нив, така што ние се држиме на растојание, а тие носат маски. Секогаш кога влегуваат прво им велиме ставете ја маската па ќе направиме молитва  – додаваат од црквата.

Сепак, од „Св.Илија“ укажуваат и дека се уште има луѓе кои не веруваат во вирусот, а на кои тие како свештени лица им посочуваат дека најпрво мораме да се заштитиме себеси, а потоа останатите.

-Се уште има луѓе кои што велат дека нема ништо од ова, но неможе да нема ништо кога цел свет е зафатен со вирусот. Ние се обидуваме даим објасниме дека мораме прво сами да се заштитиме, за потоа и Господ да не штити – објаснуваат од црковниот храм „Св. Илија“.

Уште на самиот почеток на пандемијата со коронавирусот и појавувањето на првите инфицирани случаи со Ковид-19 се донесе одлука за забрана на јавни собири и верски обреди во земјава, поради што од МПЦ постојано упатуваа различни апели за тоа како да се однесуваме во новонастанатата ситуација.

И покрај полицискиот час црквите за Велигден останаа отворени за верниците, а во таа прилика од МПЦ упатија апел заразените да не доаѓаат во црква и да повикаат свештеник со заштитна опрема за да се причестат без лажичка со налевање, иако потенцираа дека од „причесна досега никој не умрел“.

Но, токму поради полицискиот час и ограниченото движење најголемиот дел од граѓаните најголемиот христијански празник го прославија дома, додека најмасовно собирање и прекршување на сите превентивни мерки беше забележано на литијата во Струга, организирана од Македонската православна црква каде присуствуваа огромен број на граѓани.

По ова и министерот за здравство, Венко Филипче, упати апел да нема групирање на верниците, односно полицијата да го санкционира секое непочитување на мерките.

The post Објавени фотографии од верски обреди во црква во Аеродром: Верниците и поповите без маски и дистанца appeared first on Слободен печат.


Објавени фотографии од верски обреди во црква во Аеродром: Верниците и поповите без маски и дистанца was first posted on јули 6, 2020 at 1:16 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....