Втор ден по ред траат насилните протести против владата во Бејрут, а причината е разорната експлозија во вторникот на пристаништето на главниот град на Либан.
Во експлозијата на повеќе од 2.000 тони амониум нитрат загинаа најмалку 158 луѓе, а повредени се повеќе од 6.000. Уништени се цели градски квартови, како и многу претпријатија.
Силниот удар разби врати и прозори низ целиот град. На зградите во населбите кои се блиску до пристаништето пукнале стаклата. Штетата стигнала и до десет километри од пристаништето. „Ал Арабија“ сега објави нова, забавена снимка од експлозијата во 4К резолуција која ја покажува силата на ударот.
Околу 300.000 луѓе – повеќе од 12% од жителите на Бејрут – не можат да се вратат во своите домови заради последиците на експлозијата. За повеќе од четвртина од луѓето кои морале да ги напуштат своите домови се верува дека се деца, а станува збор за околу 80.000 деца.
Разорната сила на експлозијата направила кратер длабок дури 43 метри, а спасувачките тимови се уште ги бараат исчезнатите лица, за кои се верува дека ги има околу 60.
The post Објавена нова снимка која ја покажува целата сила на експлозијата во Бејрут (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Објавена нова снимка која ја покажува целата сила на експлозијата во Бејрут (ВИДЕО) was first posted on август 10, 2020 at 8:19 am.