3.8 C
Скопје
21:29 - 20 декември, 2024

Нуклеарните проби најверојатно се причина за земјотресот во Северна Кореја

Слаб природен земјотрес, кој е регистриран во Северна Кореја, веројатно е резултат на сеизмичката нестабилност на тоа подрачје, соопштија јужнокорејските власти.

Официјален Сеул тврди дека сеизмичката нестабилност во регионот трае откако Пјонгјанг го изврши шестото и најголемо нуклеарно тестирање во 2017 година.

Според наводите на јужнокорејската Метеоролошка служба, земјотрес со интензитет од 2,5 степени според Рихтерова скала бил регистриран во провинцијата Хамгјонг, каде што се наоѓа Пунгје-ри, напуштена локација за нуклеарни проби. Тука во периодот од октомври 2006 до септември 2017 година се извршени најмалку шест тестирања.

Северна Кореја минатата недела соопшти дека веќе не се чувствува должна да ги исполнува обврските, кои вклучуваат прекин на нуклеарните проби и тестирање на интерконтинентални балистички ракети, бидејќи САД го игнорирале рокот за нуклеарните преговори.

The post Нуклеарните проби најверојатно се причина за земјотресот во Северна Кореја appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....