И Македонци и лица од Косово биле на авионскиот лет од Скопје за Финска со 157 патници, од кои 24 излегле позитивни на доброволното тестирање на аеродромот во Турку. Македонските државјани, не биле во базата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат односно немале решенија за изолација дознава Слободен печат од високи извори во Министерството за здравство.
Сите 157 патници кога биле прашани од финските аеродромски власти дали сакаат да направат доброволен тест за Ковид 19 се согласиле на тоа, за разлика од патниците од лет од Романија, кои во поголемиот дел одбиле, а влегле во Финска претходниот ден. Сепак, од летот од Романија, од 65 патници што се согласиле да се тестираат никој не бил позитивен.
Од сите позитивни од македонскиот лет, се очекува да се изолираат дома во Финска, а ако го прекршат правилото за двонеделна изолација ќе бидат однесени во затвор во времетраење од три месеци. Македонските здравствени власти очекуваат информација од амбасадата во Стокхолм за имињата на 24 те позитивни на коронавирус регистрирани при слетувањето на финскиот аеродром.
Благодарение на големиот процент на заразени од летот од Скопје, финските власти воведуваат задолжително тестирање за патниците кои ќе влезат на нивна територија од високоризични земји меѓу кои е и Македонија. Од авио компаниите се очекува да ги информираат патниците пред летот дека по слетувањето на финска територија, можно е да бидат селектирани по случаен избор за тест.
Најверојатната причина поради која што 24 позитивни на коронавирус патници се качиле на летот од Скопје за Финска, е тоа што дел од нив само транзитирале низ Македонија. Неофицијално, тие биле асимптоматски и не знаеле дека се носители на коронавирусот.
Ако некој влезе на македонска територија преку копнен граничен премин, а со цел да излезе преку граничен премин за воздушен сообраќај од меѓународниот аеродром Скопје или аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, тогаш потребно е патникот само да покаже електронски авио билет и да потпише дека ќе ја напушти Македонија за три часа.
Во меѓувреме, проблем за македонските власти е и тоа што позитивни лица кои треба да се во изолација ја напуштаат земјата и одат дури до Швајцарија и до Австрија. Очигледно е дека граничните власти не се координирани и не добиваат ажурирани информации за тоа кој треба да е во изолација, па некои пациенти успеваат да го поминат граничниот премин инфицирани и да влезат во ЕУ.
Таков е примерот со сопружници од Струмица кои се вратиле од Швајцарија во Македонија и потпишале дека ќе се самоизолираат. Но, една недела подоцна, отишле на гости кај роднини, а едниот од од нив на 23 март преку Деве Баир со автомобил повторно заминал за Швајцарија. За нив казната е 3.000 евра.
Триесет и шестгодишен стружанец влегол во земјава со камион на граничниот премин Табановце од Данска, потпишал дека ќе оди во изолација 14 дена, но уште истиот ден на Ќафасан се јавил за излез во Албанија. Не само што излегол туку и истиот ден се вратил повторно во Македонија. За оваа ,,екскурзија” обвинителството предвидело 4.000 евра казна.
The post Ниту еден од позитивните патници на македонскиот лет за Финска немал решение за изолација appeared first on Слободен печат.
Ниту еден од позитивните патници на македонскиот лет за Финска немал решение за изолација was first posted on август 11, 2020 at 11:39 am.