Инженерот, физичар и футурист Никола Тесла (10 јули 1856 – 7 јануари 1943 година) е меѓу најрадикалните истражувачи во науката и се смета за најголем изумител во историјата на човештвото.
Неговата работа го трасира патот кон безжичната комуникација, вклучувајќи го секој електричен уред што го користиме денес. Генијалецот Тесла предвидува не само практични примени на неговите пронајдоци, туку и длабоки културни промени во светот.
Едно од најисцрпните предвидувања на Тесла е насочено кон промената на родовите улоги во општеството. Тој потенцира дека напредокот на безжичната технологија ќе ги оспособи жените за развој на целосниот интелектуален потенцијал, кој бил потиснат од патријархалното општество со векови.
Во јануари 1926 година, новинарот Џон Б. Кенеди прави интервју со Тесла за овие идеи. Делото е објавено во списанието „Колиерс“ со наслов „Кога жената е шеф“.
Во дискусијата на Маргарет Чејни, Тесла е наречен: Човек надвор од времето, каде се опишува перспективата на умот и духот на големиот пронаоѓач.
Тесла во излагањето ја презентира идната употреба на безжична технологија во пракса. Укажува на зајакнување на жените со технологијата, како еден од најзначајните фактори на светот во иднината.
Историски гледано, јасна е дискриминацијата на жената пред и по Првата и Втората светска војна. Борбата на жената кон полова еднаквост ќе заврши со нејзината супериорна улога. Модерна жена со промени во идните генерации и квалитетно општество.
Тесла продолжува да предвидува „докажување во нови полиња од страна на жените“ и „нивно постепено преземање на лидерството“ како резултат на претходно потиснатиот потенцијал – сега произлезен од едукативната моќност што безжичната технологија ја овозможува.
Преку безброј генерации, жената во општеството имала наследена суспензија на менталните квалитети, иако женскиот пол не е помалку обдарен од мажите. Женскиот ум покажува капацитет за ментални предиспозиции и достигнувања како и мажите. Со идните генерации тој капацитет ќе се прошири.
Тесла во тоа време нагласувал дека просечната жена ќе биде исто едуцирана како просечениот маж, а потоа и повеќе квалификувана – затоа што „заспаните“ потенцијали на нејзиниот мозок ќе бидат стимулирани во активност што ќе биде се поинтензивна и моќна, заради вековните упокојувања.
Една деценија подоцна, Хеди Ламар – брилијантна изумителка која го отвори патот за WiFi – ги докажува тврдењата на Тесла, со растечкиот број жени кои се активни во информатичката технологија и заземаат лидерски позиции.
Криено повеќе од 100 години: Неверојатно интервју со НИКОЛА ТЕСЛА
The post Никола Тесла: Технологијата ќе го открие вистинскиот потенцијал на жената appeared first on Слободен печат.
Никола Тесла: Технологијата ќе го открие вистинскиот потенцијал на жената was first posted on септември 26, 2020 at 12:00 pm.